Контакт

Култура

Аргентинскиот амбасадор во посета на Министерството за култура

Објавено пред

По повод манифестацијата „Денови на аргентинската култура во Македонија“ која деновиве се одржува во Кинотека на Македонија, како и за унапредување на соработката во областа на културата меѓу двете земји во четвртокот амбасадорот на Аргентина, Гилермо Салвадор Азрак го посети Министерството за култура каде разговараше со заменик-министерот Драган Недељковиќ.

dobivaj vesti na viber

На средбата заменик-министерот Недељковиќ и амбасадорот Азрак разговараа за Заменик-министерот Недељковиќ на средбата истакна дека одржувањето на манифестацијата „Денови на аргентинската култура“ во Македонија претставува значаен импулс во продлабочувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Аргентина, како и за интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата.

Беше потенцирана и подготвеноста на Министерството за култура за потпишување билатерален документ со кој би се воспоставила правна рамка за реализација на конкретни проекти и активности во областа на културата. На средбата, Недељковиќ го запозна аргентинскиот амбасадор со капиталните инвестиции на Министерството за култура и упати отворена покана за учество на уметници од Аргентина на фестивалите во Македонија.

Амбасадорот Азрак го изрази своето задоволство од можноста аргентинската култура да биде претставена пред македонската културна јавност во рамките на Деновите на аргентинската култура, како и за поддршката од страна на Министерството за култура за нивната реализација. Тој го информираше заменик-министерот дека аргентинската култура, освен со филмска програма, ќе биде претставена и преку програмата за превод на дела од аргентински писатели./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Поради задоцнетите летови откажан е уличниот спектакл на француската театарска трупа „Кидам“

Објавено пред

Изведбата на уличното дефиле и претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) е откажана, откако уметниците од „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, поради задоцнети и откажани летови.

dobivaj vesti na viber

Од Францускиот институт во Скопје соопштија дека се работи само за одложување и посочуваат дека тие ќе го одржат своето ветување и ќе донесат голема и убава улична претстава во Скопје, отворена за најширока публика, во знак на затворање на 50-годишнината од своето постоење.

Францускиот институт во Скопје ви се заблагодарува на разбирањето и уште отсега ви го најавува настанот којшто, штом се создадат услови, ќе се одржи оваа есен, соопштија од Францускиот институт во Скопје.

Претставата најпрвин требаше да се одржи на 28 јуни, но беше преместена за вечер, поради летот на гостите од Франција, кој бил одложен за денеска заради големото невреме. Сепак, уметниците ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, а причина се задоцнети и откажани летови, кои се должат на невремето што изминатиов период ја зафати Западна Европа.

Прикажи повеќе...

Култура

Вечер во Скопје уличен спектакл на француската театарска трупа „Кидам“

Објавено пред

Со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ербер“ вечер во главниот град ќе биде заокружена прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Претставата е во изведбата на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

dobivaj vesti na viber

Настанот што го организираат Францускиот институт и фестивалот „Скопско лето“ ќе започне во 21:00 часот, од пред Музејот на град Скопје. Дефилето потоа ќе помине низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

Низ волшебна музика, пет обемни фигури, високи четири метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото…Претставата е наменета за сите возрасти. На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен „Франција во светлина“.

Претставата требаше да се одржи вчера, но поместена е за еден ден бидејќи летот на гостите од Франција, беше одложен поради големото невреме.

Прославата на 50-годишнината е поддржана од повеќе компании пријатели на Францускиот институт во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов во Крива Паланка

Објавено пред

Самостојна изложба на познатиот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов ќе биде отворена во сабота, 29 јуни, во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, со почеток во 20,00 часот.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е на иницијатива на Градскиот музеј кој од оваа година започнува со организирање годишни изложи на по еден учесник на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“, што се одржува во истоимениот манастриски комплекс.

Стефан Хаџи-Николов е долгогодишен учесник на колонијата и член на Организацискиот одбор, со кого започнува серијата изложби во локалната музејска установа. Член е на ДЛУМ од 1984 година, досега има реализирано повеќе од 75 самостојни изложби и над 100 групни изложби во земјата и странство. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои и највисоките државни награди и тоа: „23-ти Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата и уметноста и „13-ти Ноември“ за долгогодишни високи остварувања во сликарството. Ги има добиено и наградите „Климент Охридски“, „Вангел Коџоман“, „Константин Мазев“, „Лазар Личеноски“, а особено се издвојува наградата „Златни феномени“, доделена од бугарската асоцијација „Феномени“ (АСФЕН). Хаџи-Николов е првиот Македонец кому му е доделена оваа награда , врачена на неговата изложба во софискиот центар „ЦУМ“ во 2002 година.

Изложбата на Стефан Хаџи-Николов е дел од богатата програма на манифестацијата „Крива Паланка –Град на културата2024“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија3 часа

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија4 часа

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија5 часа

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...

Македонија6 часа

Вучиќ најави уште апсења во Србија по вчерашниот терористички напад

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите...

Македонија6 часа

Левица: Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана

Во затворот Идризово се случила масовна тепачка меѓу затворениците, а повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека едно...

Македонија8 часа

За 24 часа низ државава пожарникарите гаснеа 10 пожари на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали...

Македонија11 часа

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места...

Македонија23 часа

Планинар паднал во провалија, бил извлечен со хеликоптер, но во болница лекарите констатирале смрт

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил...

Македонија1 ден

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се...

Македонија1 ден

Мајката знаела дека татко ги силува двете малолетни ќерки, ама ги убедувала дека е срамота да кажат

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение...

Македонија1 ден

Славјанка Петровска ја повлекува кандидатурата за претседателка на СДСМ

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до...

Регион1 ден

Непознато лице тешко рани припадник на жандармеријата пред израелската амбасада во Белград

Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел тешко ранил припадник на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува...

Топ1 ден

Осуденици на затворски казни барани со потерница вчера паднаа во рацете на полицијата

Две лица барани со потерница за издржување затворска казна се приведени од страна на полицијата во текот на вчерашниот ден...

Европа1 ден

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск, меѓу нив и деца

Пет лица загинаа во напад со беспилотно летало во руската област Курск во близина на границата со Украина, објави регионалниот...

Македонија2 дена

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ2 дена

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...

Македонија2 дена

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и...

Македонија2 дена

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Ве...

Македонија2 дена

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение. Од тука нагласуваат...