Македонија
ДИК почнува со проверка на податоците од избирачкиот список
Домашни и странски информатичари од понеделник почнуваат со вкрстената проверка на податоци од МВР и уште десет други институции за да се добијат првични информации за состојбите со Избирачкиот список.
Треба да направи проценка на степенот за секој проблем, по што треба да следуваат теренски активности на ДИК, при што ќе се проверуваат сомнителните ситуации каде има многу станари на иста адреса или кога одредени избирачи се регистрирани на повеќе избирачки места. Од ДИК сметаат дека има многу сомнежи оти починати лица се уште се на списокот и оти на одредени адреси има регистрирано повеќе гласачи отколку што може да има станари.Експертите што ги има ангажирано ДИК предвидуваат вкрстувањето на податоците да трае 10- тина дена, а потоа треба да следи теренската проверка.Засега, тимот информатичари се соочиле со технички проблеми кои се однесуваат на несоодветниот формат во кој дел од институциите ги чуваат матичните броеви на граѓаните, но дека тој проблем ќе се реши.По вкрстувањето на податоците од базите, ДИК потоа ќе спроведе теренски посети во куќи со повеќе од 20 гласачи, станови со повеќе од осум избирачи, гласачи со повеќе варијации на презимиња, а треба да се утврдат и македонските државјани кои се на привремена работа во странство и немаат живеалиште во Македонија. Според новиот датум на изборите, 5-ти јуни, прочистувањето на Избирачкиот список треба да заврши на 17-ти април, а листата на гласачи да биде заклучена до 7-ми мај. Претходно, ДИК имаше проблем да почне си прочистувањето на списоокот затоа што државните институции не доставиле бази на податоци кои ќе бидат употребливи. ДИК се формира со задоцнување, поради тешкотии во преговорите на работните групи за спроведување на договореното од Пржино, а по нејзиното формирање потребните средства, методологијата за работа и се што требаше да се стави на располагање на оваа институција беше со задоцнување од неколку недели./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

