Македонија
Јавноста исклучена на седницата на Уставниот суд на којашто ќе се решава за помилувањето
Јавноста ќе биде исклучена од седницата на Уставниот суд на која ќе се рапсрава и ќе се гласа за оспорување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што се отвора можност Судот да ги зголеми ингеренциите на Претседателот на државата и да може да помилува лица осудени за изборен криминал.
„Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 16.03.2016 година, со почеток во 09.00 часот – ЈАВНОСТА НА СЕДНИЦАТА Е ИСКЛУЧЕНА“, стои на соопштението објавено на веб страницата на Уставниот суд.Седниците на Уставниот суд досега секогаш беа отворени за јавноста, освен гласањето кое е тајно.Пред Уставниот суд досега се одржаа три протести на коишто граѓаните побараа оставка од петтемина судии: Јован Јосифовски, Владимир Стојановски, Вангелина Маркудова, Елена Гошева и Никола Ивановски, кои гласаа „за“ иницијативата за разгледување на Законот за помилување.За попладнево пред Уставниот суд, платформа за граѓанска политика „Ајде“ најави протести пред Уставниот суд. Оттаму најавија дека во 18 часот, од пред Владата ќе почне протестен марш, кој ќе помине покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието, и ќе заврши пред Уставниот суд со голем народен протест. Вечерта, пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а в среда ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.Најавија и дека ќе побараат оставка од оние уставни судии кои ја поддржуваат ваквата иницијатива, се со цел, во иднина, да не носат и други одлуки кои ќе му наштетат на Уставот и суверенитетот на државата, и пред се на интересите на граѓаните.Протестите ги поддржа и опозициската СДСМ и други помали партии. Во меѓувреме градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски со дел од вработените од Општината Карпош го опколија целиот простор околу Уставен суд, на местото каде што се најавени протестите. Во 2009 имаше измени на овој Закон и со тогашните измени Претседателот веќе немаше можност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.Предлогот којшто е ставен на дневен ред на денешната седница следува по отворањето на случајот „Титаник“ од страна на Специјалното обвинителство во кој осомничени се високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.Сите се товарат за вмешаност во изборни нерегуларности./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

