Забава
Љубителите на кафе имаат повисоки плати од љубителите на чај

Вработените кои пијат кафе повеќе се „вжештени глави“, сакаат да се расправаат и да живеат на работ, открија истражувачите, а и почесто добиваат зголемување на платата и повеќе заработуваат од љубителите на чај.
Љубителите на чај не се толку материјал за унапредување, но се чесни и верни работници.
Анкетата ја спровела компанијата Zip HydroTap, која произведува грејачи за вода, а откриле и дека шефовите преферираат кафе, додека љубителите на чај се „душата и животот“ на компанијата.
Дури 84 отсто љубители на чај се тимски играчи, наспроти 74 проценти од љубителите на кафе.
Тие што пијат кафе се помалку склони на стрес, но затоа повеќе доцнат на работа, покрај дозите кофеин.
„На повеќето работници им е потребна шолја чај или кафе за да го пребродат денот, а повеќето можат веднаш да кажат дали се љубители на чај или на кафе. Сите знаеме дека на некои им е потребна доза кофеин за да го почнат денот, додека на другите важно им е како е направен чајот“, вели Ник Тејлор, портпарол на компанијата Зип.
Просечен љубител на чај или кафе пие три до четири шољи секој ден, но љубителите на чај повече сакаат испивањето да го комбинираат со добар трач, а подобро се сложуваат со колегите.
Просечен работник правие еден пијалок дневно за своите колеги, а 72 осто од нив велат дека напитокот им е потребен за да се разбудат и да се мотивираат./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Откриена причината за смртта на Халк Хоган

Page Six ексклузивно ја откри официјалната причина за смртта на Халк Хоган.
Легендарниот професионален борач починал од акутен миокарден инфаркт, познат и како срцев удар. Документите, исто така, открија дека Хоган тајно се борел со леукемија, состојба која досега не била јавно позната.
Според Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот Пинелас, срцевиот удар бил предизвикан од ненадејно блокирање на протокот на крв во срцевиот мускул, што предизвикало оштетување на ткивото. Во документот, објавен од Page Six, исто така се наведува дека Хоган имал историја на атријална фибрилација (AFib), состојба која се карактеризира со неправилно и брзо отчукување на срцето.
Најголемото изненадување во извештајот на медицинскиот испитувач беше информацијата дека поранешната суперѕвезда на WWE, роден како Тери Болеа, страдал од хронична лимфоцитна леукемија (CLL) – вид на рак кој ги зафаќа белите крвни зрнца. Неговата смрт беше прогласена за природна смрт.
Халк Хоган доживеа срцев удар во својот дом во Клирвотер, Флорида, на 24 јули. Тој беше итно префрлен во болницата Мортон Плант, каде што беше прогласен за мртов. Почина на 72-годишна возраст.
Забава
Мухамед е најпопуларното име за момчиња во Англија, втора година по ред

Објавени се најпопуларните имиња за бебиња родени во Англија и Велс во 2024 година, при што Мухамед е најпопуларното машко име втора година по ред, додека Ноа и Оливер го зазедоа второто и третото место, исто како и во 2023 година.
Според Би-Би-Си, Оливија и Амелија ги зазедоа првите две места за девојчиња трета година по ред, додека Исла падна од третото место и беше заменета со Лили.
Листата ја објави Канцеларијата за национална статистика (ONS), која ја составува листата врз основа на податоци од матичните книги на родени.
Новите имиња што влегоа во првите 100 за девојчиња се Елоиз, Нора, Мила, Роза, Атена, Сара и Зои. Новите имиња за момчиња се Остин, Натан, Вини и Јахја.
Мухамед го задржа првото место како најпопуларно машко име, со 5.721 бебиња што го добија ова име. Ова име е најпопуларно во пет од деветте региони на Англија.
Други варијации на името, исто така, се најдоа на листата: Мохамед се најде на 21-во место со 1.760 момчиња, а Мохамад на 53-то место со 986.
Забава
Ќерката на Мајкл Џексон откри дека ја раскинала свршувачката со познатиот актер: „Ова се солзи на раскин“

Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот крал на поп-музиката, Мајкл Џексон, и американскиот актер Џастин Лонг ја раскинале свршувачката по три години врска.
Веста ја сподели самата Парис на социјалната мрежа „Икс“, каде што напиша: „Ова се солзи на раскин. Повторно сите се провлекувате“.
Инаку, пејачката во декември преку „Инстаграм“ ја објави свршувачката со Лонг, но објавата подоцна беше избришана. Во јуни, во интервју за „Аксес Холивуд“, изјави дека подготовките за свадбата се во полн ек.
„Фустанот е во изработка, местото е избрано, а датумот го одреди астролог – затоа што сум од Лос Анџелес“, рече таа.
Да потсетиме, Парис пред неколку дена беше снимена како расплакана шета сама на улиците на Малибу.
Исто така, минатиот месец беше критикувана бидејќи настапила на концерт закажан токму на денот на годишнината од смртта на татко ѝ. Во обраќање на социјалните мрежи објасни дека таа нема влијание врз распоредот на турнејата бидејќи не е главна изведувачка.
„Тоа што настапувам на тој ден не значи дека сум заборавила. Никој не треба да ми кажува како да тагувам“, порача таа тогаш.