Забава
Во Франција ‘правата дама' не постои во законот
Според францускиот устав брачниот другар на претседателот на Републиката, без разлика дали се венчани или не, нема никаков статус и неговата позиција, којашто не е одредена со закон но понекогаш скапо чини, често е предмет на полемика.
Изразот „прва дама“, постојан се користи во сите медиуми коишто деновиве пишуваат за скандалот во кои се инволвирани францускиот претседател Франсоа Оланд, неговата животна сопатничка Валери Триервејлер и наводната негова тајна љубовница којашто медиумите ја идентификуваа во актерката Жули Гаје, меѓутоа тој статус во Франција не постои. Ниту протоколот не предвидува ништо за неа, коментира агенцијата AFP.
Во законот сопругата на претседателот на Франција се споменува само еднаш, и тоа кога станува збор за пензијата којашто ја прима доколку остане вдовица, како и во многу други професии.
Меѓутоа, ако тој поим не постои во законот, во практиката е многу поинаку: партнеркат ана претседателот има и канцеларија и секретаријат во претседателската палата Елисејскиот дворец, што официјално се образложува со потребата да одговори на писмата коишто ги прима од граѓаните, чиишто трошоци за одржување се предвидени во буџетот наменет за претседателската администрација. Покрај тоа, има и личен телохранител.
Според неодамнешната анкета на магазинот VSD, Валери Триервејлер ја чини државата 19,742 евра месечно, што е далеку од 60 илјади евра колку што во истиот период трошела Карла Бруни-Саркози или од 80-те илјади евра трошоци месечно на Бернадет Ширак.
Според законот, кога францускиот претседател заминува во официјална посета во странство, неговата партнерка може да патува со него на трошок на Елисејската палата, како и угледни гости коишто претседателот сака да ги поведе со себе.
Статусот на Валери Триервејлер којашто не е во брак со Франсоа Оланд, што е прв ваков случај во историјата на француските претседателит, е проблематилен за државите коишто строго се придржуваат до моралните прописи, Така не е предвидено таа да го придружува Оланд при неговата посета на Ватикан којашто е закажана за 24-ти јануари. Меѓутоа, таму се непожелни ниту сопругите на претседателите на држави или влади на кои тоа им е втор брак.
За да се отстрани таквата нејаснотија, некои во Франција сега се заземаат за воведување на статусот „прва дама“ со кој точно би се одредила нејзината позиција, должност и буџетот со кој би располагала, Впрочем и самиот Оланд пред почетокот на претседателската кампања во 2012 година изјави „Семејството не се избира“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија.
Емотивна објава на Инстаграм
„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија во објавата.

Тие беа во лоши односи со години
Српските медиуми објавија дека тој починал во Крагуевац по кратка и тешка болест. Рајко се ожени со Верица Шерифовиќ во 1982 година, со која ја доби ќерката Марија. До неодамна, пејачката и нејзиниот татко беа во лоши односи, а потоа, додека гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Марија рече дека се смириле.
„Неодамна се видовме во Крагуевац и тој ми рече: Без разлика што направив погрешно, погрешно, погрешно, вака или онака… Барем знам дека сè што има врска со тебе, направив правилно“, рече пејачката. „Тоа го кажа во контекст на оставање зад себе личност на која е горд. Беше искрен“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин

