Македонија
ДИК ги запира активностите за откажаните избори за 5 јуни
Државната изборна комисија, ги сопре сите активности за спроведување на изборите закажани за 5 јуни, откако тие беа откажани.
„Во согласност со решението на Уставниот суд, со кое се запира извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Одлуката за распуштање на Собранието и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието, Државната изборна комисија ги запира сите понатамошни дејствија и активности во насока на спроведување на Предвремените избори за пратеници со Собранието, што требаше да се одржат на 5 јуни 2016 година, до донесување на конечна одлука на Уставниот суд“, соопшти ДИК.Заклучокот е донесен на седница во четвртокот, а според него се запираат сите понатамошни дејствија на Општинските изборни комисии, кои се задолжени да поднесат финансиски и извештај за работа. Согласно Заклучокот се запираат и активностите кои требаше да ги преземе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за спречување корупција, Државниот завод за статистика и заводот за ревизија. Од 26 мај, ДИК го објавува Избирачкиот список на својата веб страна со име, презиме и адреса на избирачите, а секој граѓанин има право да поднесе барање да не биде објавена адресата на живеење од безбедносни причини. Овој формат на Избирачки список објавен на страната на ДИК, претходно беше оспорен од Агенцијата за заштита на личните податоци, која изрече времена мерка на ДИК, по што податоците можеа да бидат пребарувани само по матичен број, а не и според адреса, што доведуваше до тоа да се видат податоци и за други гласачи, освен за себеси./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

