Македонија
Темелко треба да се јавува во Суд, за другите осомничени нема официјална информација

По целодневен распит во Основниот суд 1, судијата на претходна постапка донесе решение градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко еднаш неделно да се јавува во судот во Ресен, како еден од осомничените во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.
Оваа информација официјално ја потврдуваат од Основниот суд 1, но засега нема информации дали е одреден притвор за останатите осомничени во овој случај.
Во Основниот суд Скопје 1 ноќеска, освен Темелко се појави и поранешниот Министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој давал исказ пред судија на претходна постапка како еден од првоосомничените за изборните измами.
По распитот, утрово околу 3.30 часот Јанакиески со своите адвокати заминале со приватно возило и не дале никаква изјава за медиумите кои го чекаа исходот од постапката.
Исто како и Јанакиески и Темелко го напуштил судот со приватно возила.
Дел од медиумите веќе јавуваат дека Судот ги отфрлил предлозите за притвор на Специјалното јавно обвинителство за сите осум лица, осомничени за случајот за изборни манипулации.
Во судот ноќеска медиумите не ја забележаа поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која според информациите од Специјалното обвинителство ја впрегнала целокупната, и човечка и техничка инфраструктура за да го состави избирачкиот список по волја на интересите на партијата од која доаѓа.
Не беше забележан ниту секретарот на Владата, Кирил Божиновски.
Освен за овие, тројца високи функционери од ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот на Пустец, Темелко, Специјалното обвинителство побара притвор и за уште четири други лица.
„Титаник“ е прв случај кој го отвори Специјалното обвинителство, според кое осомничените направиле целосна криминализација на изборниот процес, со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по никој основ не смеат да бидат./крај/ффс
Извор: Фото:Al Jazeera Balkans
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.
Од нив во моментов активен е само еден пожар, во општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен каде што гори мешана шума.
Под контрола е пожарот во општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје, каде што горат пасишта и мешана шума.
Како што соопшти ЦУК изгаснати се 26 пожари.
Македонија
„Влен“: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ

„Влен“ ги потсетува граѓаните дека оние кои денес сакаат да даваат „лекции“ за култура се токму оние кои 22 години ги измамија Албанците со Тетовската библиотека и театар. Поранешни функционери на ДУИ манипулираа со документи и процедури за јавни договори, злоупотребувајќи ја својата службена положба и имајќи корист од над 13 милиони евра од изградбата на овие институции, што е тешко предавство на националниот интерес, велат од „Влен“.
„Во меѓувреме, со доаѓањето на ВЛЕН во владата, за прв пат по децении, албанската култура признава опипливи достигнувања: Долгогодишниот проблем со вработувањето на членовите на Албанскиот ансамбл, запоставен од ДУИ, беше решен. За прв пат, Албанец ја предводи Филхармонијата во Северна Македонија. Во наше време, кога тоа не го правеа со децении, беше основан Гостиварскиот театар, отворајќи ги своите врати за албански уметници. Десетици Албанци беа вработени во културните институции. За прв пат, во секоја културна институција се донесени стотици трајни работни решенија, со што се гарантира безбедноста и достоинството на албанските работници и уметници.
Културата не е пропаганда, ниту фасада за прикривање на кражба и злоупотреба. Културата е идентитет, таа е достоинство, таа е наследство!
ВЛЕН ќе продолжи да го брани националниот интерес во културата, враќајќи им на Албанците она што им било ускратено две децении. Излажувањата на ДУИ завршија, ерата на вистинската албанска култура започна!“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.