Забава
Убила леопард со срп и лопата
Храбра 56-годишна Индијка го отепала со срп и лопатка леопардот што ја нападнал, објавија во вторникот локалните власти, пренесува DPA.
Камла Неги заздравува во болница од повеќекратните скршеници и раните коишто ги здобила во борбата со леопардот во нејзиното село во северна Индија. Таа работела на својата фарма кога големата мачка ја нападнала.
„Иако ранета бидејќи леопардот неколкупати ја гризнал, јуначки со своето орадие се борела са животот. Успеала на животното да му нанесе смртоносни рани., изјавил за индиските медиуми селскиот кмет Дајал Сингх Вхандари.
Борбата траеле петнаесетина минути. Селаните подоцна ги нашле изгризената жена и безживотното животно со многубројни рани.
Медиумите забележуваат дека во северната сојузна индиска дражва Утаркадн, каде што се случил настанот, леопардите се сé побројни и сé почести се нивните напади врз луѓето./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Куќата од серијата „Брејкинг бед“ се продава за 4 милиони долари
За четири милиони долари се продава куќа од серијата „Брејкинг бед“. Станува збор за куќата, која во серијата е дом на Волтер Вајт, кој го толкуваше Брајан Кренстон.
Куќата се наоѓа во Албакерки, Ново Мексико, а изградена е во 1910 година. Се состои од четири спални соби и една бања. Има гаража и базен.
Иако се продава за дури четири милиони долари, агенцијата за недвижности Zillow смета дека реалната пазарна вредност на куќата во предградието е значително помала, проценувајќи ја на 343.100 долари.
Поради својата популарност, куќата не само што достигна висока цена, туку е и мамка за обожавателите. Откако серијата заврши со снимањето на својата последна сезона во 2013 година, фановите сè уште се собираат и се фотографираат пред куќата.
Сегашната сопственичка, изјавила дека нејзините родители ја купиле куќата во 70-тите години. Кога тие се согласија нивната куќа да биде дел од серијата, а популарноста на „Брејкинг бед“ се зголеми, им беше се потешко да го заштитат својот дом. Ставиле метална ограда и безбедносни камери за да бидат што побезбедни.
Бидејќи нејзините родители веќе ги нема, таа решила да ја продаде куќата. „Ова е нашиот семеен дом од 1973 година. Си одиме од неа со спомени. Време е да продолжиме понатаму. Нема причина повеќе за кавга“, рече таа.
Забава
(Видео) Сенида викаше на момче во публиката за дочекот на Новата година, откриено е зошто така реагирала
Деновиве на социјалните мрежи се прошири видео од Сенида која за време на новогодишниот настап во Бања Лука се скара со некој од публиката. Таа извика: „Што е тоа?“ и го покани лицето да се качи на сцената.
@banovicka.offical Reakcija joj je bila fantastična 🤌🏻🔥 @SENIDAH #senidah #100 % #banjaluka #koncert #svađa #momak_iz_publike ♬ original sound – banovicka.offical
Сега е објавено ново видео кое покажува што довело до расправијата. Имено, како што објасни посетителот на концертот, мажот фрлил отпушок кон пејачката. Сенида се налутил поради тоа, ја зеде цигара и ја фрли во човекот. На крајот таа му го покажа средниот прст.
Забава
(Видео) Сара Мејс го оживеа божиќниот дух на македонската музика – Божественото патување на Псалм 150 до Давидовата харфа
Македонската музика позната по своите традиционални ноти, но истовремено и трансформативни и современи изведби во новата доба, дефинитивно е сржта на безвременската убавина на секоја македонска песна.
Пејачката Сара Мејс и покрај својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во својот втор дом Македонската опера и балет, храбро и без двоумење го прифати предизвикот на Македонското библиско здружение по повод 30 години од постоењето на здружението, за овековечување на „Псалм 150“, преку своја уникатна музичка замисла.
„Голема е честа за прифаќање на предизвик, кој се преточи во мелодија од замислениот звук на музичкиот инструмент на Царот Давид, познат како Давидова харфа. Од срце се заблагодарувам на поканата на Македонското библиско друштво за креирање на оригинално македонско музичко дело за Псалм 150 и оживување на библиските записи со звуците на харфата. Оваа песна е со благослов од Македонската Православна Црква, Македонското Библиско Здружение и монашкото братство од манастирот Св. Пантелејмон, каде и е снимен видео записот. Музичката креација е изворно македонска, а мојата изведба во живо премиерно се оддржа во октомври 2024та за време на промоцијата на псалтирот, преведен на современ македонски јазик (Псалтир – Книгата Псалми), во издание на здружението, кој изобилува со прекрасни псалми од Библијата. Убавината на македонската музика и христијанските православни вредности ми беа мотивација, а воедно и поттик да го замислам звукот на инструментот на библискиот цар Давид и да ја претворам во реалност, како подарок за македонскиот народ пред божиќните празници“, изјави пејачката Сара Мејс.
„Псалм 150“ е снимена во студиото The Basement, музиката е на Сара Мејс, видео записот е на режисерот Ѓорги Трпески.