Македонија
Нема закажана седница за новите министри на ДУИ, констатирани оставките

Нема закажана седница на Собранието за избор на новите министри и заменици министри од редовите на Демократската унија за интеграција, а на почетокот на 98-та седница беа констатирани оставките на министрите и замениците министри од ДУИ.
Согласно собранискиот Деловник, парламентот само ги констатира оставките, без дискусија.ДУИ во четвртокот одлучи сите министри и заменици од нивната партија, да поднесат неотповиклива оставка, а за сите натамошни чекори околу учеството на партијата во Владата да решава партискиот лидер Али Ахмети.Во петокот оставки до Владата поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и заменицитеминистри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.Ахмети, во неделата вечерта, предложи нови кандидати за министри. За заменикпретседател на Владата задложен за европски прашања е предложен Фестим Халили, а Арбер Адеми е предложен за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор. Валдет Џафери е предложен за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Беким Максути е предложен за заменик министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
956 сообраќајни прекршоци вчера во државата, 725 возеле побргу од дозволеното

Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 956 издадени платни налози повеќе од половината, односно 725 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 26 прекршоци за неправилно паркирање, 66 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 25 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле 17 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 23 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, седум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а три заради техничка неисправност.
Инаку, следствено податоците од неделниот пресек од реализираните сообраќајни контроли на патиштата низ државата во периодот од 18.08.2025 до 24.08.2025 регистрирани се вкупно 4.806 платни налози најмногу издадени по основ на непочитување на брзината на движење 1.816, потоа за непрописно паркирање 1.023 прекршоци, како и 530 платни налози за возачи кои возеле без возачка дозвола. Покрај ова 207 мотоциклисти биле санкционирани заради неносење на заштитен шлем, изречени се 211 мерки за некористење на сигурносен појас, 122 санкции за возачи за користење на мобилен телефон.
Воедно евидентирани се 28 прекршоци за возачи на електричен тротинет како и за исто толку пешаци додека пак 63 возачи се санкционирани за управување на возило под дејство на алкохол и уште 21 заради минување на црвено светло. По основ на Законот за возила откриени се 86 возила кои што биле нерегистрирани а учествувале во сообраќајот како и 33 технички неисправни возила“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Зеленски го одликува Митко Јанчев со орден за заслуги

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, го одликува градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, со орден за заслуги.
Оваа награда се доделува за значаен придонес во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, добротворната дејност, како и за популаризацијата на украинската држава во светот.
Јанчев се најде на листата од 100-ина одликувани личности со орден за заслуги од Зеленски по повод Денот на независноста на Украина.
Македонија
Министерот Алиу се сретна со д-р Кедев: Сите што имаат каква било информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, извести Министерството.
Воедно, министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи ќе се задолжат од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство за сите извршени прегледи и интервенции МојТермин.
„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители и ги повикуваме сите засегнати страни кои имаат каква било информација за евентуални неправилности во системот, да се обратат веднаш до Министерството. Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот“, соопшти МЗ.