Забава
Украле компјутери од непрофитна организација па ги вратиле со извинување
Само неколку часа откако украле шест компјутери и нов лаптоп во Сан Бернандино во Калифорнија, гангстерите се премислиле и го вратиле украденото откако сфатиле дека припаѓаат на центарот за помош на жртвите од силување, а отишле и чекор натаму оставајќи и порака со извинување, пренесува CNN.
„Бев во недоумица. Уште сме во шок. Тоа е лудо“, вели Сенди Стејлингс, раководителка на Службата за помош на жртвите од сексуални напади во Сан Бернандино.
Стејлингс на 31-ви јули доцна навечер ја повикала компанијата за обезбедување за да ги информира дека е забележано движење во канцеларијата на организацијата, како и дека полицијата е на пат. Кога стигнала на местото на злосторството, полицијата ѝ рекла дека крадците влегле преку отвор на покривот. Земајќи ги компјутерите тие ја оштетиле организацијата за 5.000 долари.
„Беше многу поразително. Мислев дека од тоа никогаш нема да се опоравиме… Секој компјутер што го имаме е многу важно за нашата работа“, вели Стејлингс.
Откако полицијата зивршила увид, таа се вратила дома и се обидела да заспие, Неколку ласа подоцна забележала уште еден повик. Овојпат од полицијата од Сан Бернандино која ѝ соопштила дека е забележана нова сомнителна активност во зградата.
Стејлинг побрзала назад во канцеларијата и наишла на нешто што ниту таа ниту полицијата го очекувале. Провалниците се вратиле назад во канцеларијата, вратиле сѐ што претходно однеле со себе и оставиле порака.
„Не знаевме што земаме. Еве ви ги назад вашите работи, се надеваме дека ќе можете и натаму да правите разлика во животите на луѓето. Господ да ве благослови“, пишувало во пораката.
Кога Стејлингс ја прочитала пораката ја минале морници. „Тоа е неверојатно. Дури и денес е неверојатно. Воден момент сз исчезна а следнито сѐ беше вратено“, вел.
Дури и највозрасните полицајци во Сан Бернандино велат дека првпат во кариерата биле сведоци дека некој сторил криминал и потоа да го врати украденото оставајќи порака.
Стејлингс планира да ја урами пораката во својата канцеларија „Ќе ја гледаме секој ден. Никогаш не знаете како ќе трогнете некого и ќе го промените неговиот живот“, вели таа.
Во меѓувреме сега веќе славната порака на крадците привлече многу внимание за оваа непрофитна организација на којашто сега ѝ се обраќаат сѐ поголем број жртви на сексуални напади, но и донатори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.