Македонија
ДИК ќе ги соопшти резултатите од теренската проверка

Државната изборна комисија, во среда ќе одржи јавна седница на која ќе се расправа за Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список.
Извештајот се однесува на податоците до вторник, 5-ти април, што значи со него се опфаќаат и ажурираните податоци од теренската проверка, што се извршуваше во последните седум дена, кај нешто повеќе од 89.000 граѓани.Денешната седница на ДИК, треба да биде и одлучувачка за тоа дали изборите ќе се одржат на 5-ти јуни, имајќи предвид на тоа што се смета за орган кој може да констатира дали Избирачкиот список е прочистен и дали има услови за фер, демократски и кредибилни избори. Инаку, според зацртаното, по одложувањето на првично закажаните избори за 24-ти април, на 5-ти јуни, Собранието треба да се распушти во четврток, 7-ми април. Одржувањето на предвремените парламентарни избори е обврска преземена од договорот во Пржино постигнат меѓу лидерите на сите четири најголеми партии во државава од власта и опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, за надминување на политичката криза по објавувањето на ткн. „бомби“ од страна на опозицијата, кога беа објавувани прислушувани разговори меѓу високи државни функционери, но и голем број граѓани./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.