Македонија
Одбележана 22-годишнината од формирањето на специјалните сили во АРМ
Во касарната „Илинден“, во вторник беше одбележана 22-гдишнината од формирањето на Единицата за специјални намени под името „Волци“.
„Од самиот почеток вашата единица постојано го оправдува своето име, претставувајки ја најелитната единица на Армијата на Република Македонија и со право претставува синоним за највисоки стремежи, највисоки стандарди и највисоки резултати“, рече министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на денешната свеченост, по повод 1-Март, Денот на Полкот за специјални операции. Во обраќањето на свеченоста, министерот Јолевски посочи на значењето кое оваа единица го има во денешните глобални предизвици при што професионалноста и посветеноста ќе биде клучна за натамошното јакнење на капацитетите на АРМ. Командантот на Полкот за специјални операции, полковник Орце Јордев, пред присутните меѓу кои и началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Величковски и други генерали во АРМ, претставници од Кабинетот на Претседателот, одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија порача дека во ова време на предизвици интересите на единицата мора да бидат поважни од личните интереси со цел изведување на специјални операции за одбрана на Република Македонија. Во рамки на програмата за одбележување на Денот на единицата, свеченоста заврши со свечено дефиле на единиците, по што се реализира методско-показна вежба „чистење на зграда“ каде припадниците на полкот ја покажаа својата обученост на комбинираната кула за извежбување, а потоа ги презентираа и боречките вештини со кои се препознатливи помеѓу останатите единици на АРМ. И покрај исклучитено високите критериуми на селекција за прием во единицата, на последните конкурси за прием на професионални војници кандидатите покажаа огромен интерес токму за оваа атрактивна единица. Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на пСО е одреден 1 март, датум на кој за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени под името „Волци“, а од ноември 2006 година извршено е преструктуирање на единицата во полк за Специјални Операции (пСО) во чиј состав влегуваат Баталјонот за специјални намени и Ренџерски баталјон./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

