Забава
Црногорска порно-уметница ја шокира јавноста во САД
Американската уметничка сцена во последно време ја шокираат уметнички дела на 24-годишната Црногорка, Дарја Бајагиќ, поради нејзината фасцинираност со порнографијата и со сериските убијци.
По дипломата која ја доби на престижниот американски универзитет Јејл и самостојните изложби во Њујорк и Варшава, Дарја станува ѕвезвда на арт сцената, пишува Блиц.
Деканот на академијата на која студираше Дарја, историчарот на уметноста Роберт Стор, имал големи проблеми со нејзината употреба на порнографијата, ја нарекол луда и и предложил да оди на терапија на трошок на Јејл.
„Ми рече дека сум луда, дека Јејл ќе ги плати сите трошоци за терапијата и советувањата за да би ми помогнеле со мојата опсесивно-компулсивна навика да собирам фотографии од девојки и порнографија, како и дека треба да се истражам себе си’ за да сфатам какви проблеми имам со себе“, вели Дарја.
Оваа уметница, која живее во Њујорк, родена е во Подгорица во 1990 година. Пораснала во Каиро, а нејзиното семејство во 1999 година се преселило во САД. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Изгледа како професионалец“: француски булдог ужива во санкање
Францускиот булдог Вригли Ловинс покажа неочекувана љубов кон постуденото време и откри нова страст – санкањето. Неговата радост и вештината додека се спушта и се искачува по ридовите се импресивни.
Видеото објавено на „Инстаграм“ покажува мал француски булдог како сам се санка на ридот изгледајќи како професионалец. Сцената собра повеќе од сто илјади прегледи и воодушеви многубројни гледачи.
View this post on Instagram
„Тој не само што мисли дека е професионалец, навистина е“, се дел од коментарите.
Забава
Џесика Алба се разведува по 17 години брак
Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се разведуваат по 17 години брак, објави ТМЗ.
Двојката неодамна одлучи да ја прекине врската и официјално да се разведе по речиси 17 години брак, изјавија извори за магазинот.
Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).
Тие не ја наведоа причината за разводот, а интересно е што актерката неодамна ги сподели нивните семејни фотографии.
Џесика на неколку неодамнешни јавни појавувања беше фотографирана без венчалниот прстен. Актерката и асистентот на режија се запознаа на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година.
Тие се свршија во декември 2007 година и се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија, следната година кога Џесика беше бремена со нивната најстара ќерка.
Забава
Ладни како мраз: три хороскопски знаци што не дозволуваат ништо да им предизвика стрес
Во зафатен свет, каде стресот често владее, луѓето кои успеваат да задржат мирна и ладна глава во предизвикувачки ситуации се вистинска реткост.
Без разлика дали се работи за деловен хаос, семејни несогласувања или неочекувани пречки, тие знаат да останат смирени и рационални.
Еве под кои хороскопски знаци се родени ваквите личности.
Јарец
Јарците се познати по својата издржливост и рационален пристап кон животот. Кога се соочуваат со предизвици, тие се потпираат на нивните аналитички вештини и трпение. Наместо да паничат, ја анализираат ситуацијата од сите агли и бараат најпрактично решение.
Вага
Вагите се вистински мајстори за балансирање и на личните односи и на секојдневните ситуации. Без разлика на предизвиците, тие остануваат смирени бидејќи се стремат кон внатрешна хармонија. Кога ќе се соочи со конфликт или стрес, Вагата ќе вложи дополнителни напори за да најде компромис или да го врати мирот.
Бик
Биковите се познати по својата непоколебливост и стабилност. Дури и кога околу нив владее хаос, Бикот цврсто стои на земја.
Луѓето родени во овој знак имаат неверојатна дарба да го исклучат стресот и да се фокусираат на она што е навистина важно, без разлика дали тоа е работата, семејството или личниот развој.