Македонија
Груевски на распит во Судот за случајот „ТНТ“
Поранешниот премиер Никола Груевски и претседател на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ дојде на распит во Основниот суд Скопје 1 за да даде исказ пред судија на претходна постапка за случајот „ТНТ“.
Судот ги повика на распит функционерите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ кои се осомничени во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство.Од Основниот суд Скопје 1 испратија соопштение во кoе соопштуваат дека Судија на претходна постапка во текот на денот ќе постапува по предлозите на СЈО.„Сите предлози се распоредени кај судии на претходна постапка кои во текот на денешниот ден ќе постапуваат по наведените предлози, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во судот. Имајќи предвид дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната практика на постапување по предмети во изминатиот период“, се вели во соопштението.Од соопштението може да се заклучи дека тие треба да дојдат во Судот во текот на денешниот ден, бидејќи токму денеска ќе одлучува Судијата на претходна постапка.Од Судот официјално не соопштуваат кога точно ќе дојдат осомничените на распит.Специјалното јавно обвинителство бара мерки за претпазливост за поранешниот премиер и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски за случајот „ТНТ“ односно незаконското рушење на станбено деловниот простор „Космос“, кој според СЈО, бил срушен заради политичка одмазда, а е во сосптвеност на Фијат Цаноски.Мерки за претпазливост се бараат и за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот „Тврдина“, односно за незаконското уништување на опремата за прислушување. За овој случај СЈО предлага притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски.Притвор се бара и за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за случајот „Транспортер“ односно за малверзациите со училишниот превоз. По поништувањето на одлуката за аболиција на Претседателот Ѓорге Иванов, СЈО прдолжува со сите истраги што ги отвори, меѓу кои случајот „Пуч“, кој е веќе во Судот, случајот „Титаник“, за изборните нерегуларности, како и со случајот „Тортура“ во кој првоосомничен е поанешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.За него СЈО не предлага никакви мерки, ниту притвор, ниту мерки за претпазливост. Мерки за претпазливост се бараат за командирот на „Алфите“ Ивица Антвски Пуки кој е осомничен за нечовечко однесување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Предлогот за мерки за претпазливост за Антевски и другите осомничени во овој случај Судот еднаш го отфрли, бидејќи во тој период беше на сила одлуката за аболиција за него. Ова решение е обжалено со што решението на судијата е укинато и вратено на повторно одлучување./крај/мф/ффс
Извор: Фото:Нова ТВ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

