Забава
Мувла, месо со истечен рок и глувчешки измет откриени во месарницата на Џејми Оливер
Славниот готвач Џејми Оливер се најде во сериозни проблеми, откако санитарната инспекција ја прегледала неговата месарница “Barbecoa” во Лондон.
Според наодите во извештајот на инспекцијата, чии делови објавуваат британските медиуми, на парчињата месо што се наоѓале во замрзнувачите во визбата била откриена мувла, а било откриено месо со изминат рок на траење. Во еден случај, пилешките гради на кои им истекол рокот биле извадени од оригиналното пакување, исчистени, вакумирани, а потоа бил втиснат нов датум. Покрај тоа, утврдиле и дека во месарницата ме постојат соодветни простории за хигиена на персоналот, а бил пронајден и глувчешки измет.
“Barbecoa” со месо го снабдува и истоимениот ресторан што се наоѓа над месарницата, а кој во 2010 година го основаа Џејми Оливер и американскиот готвач Адам пери Ланг.
Тимот на Оливер во петокот даде изјава, во која тврдат дека мувлата месото не го направила „неприкладно за консумирање”. Напомнуваат дека користат посебна техника на складирање не некои делови на месото заради што на него може да се појави мувла, но дека станува збор за природен процес и дека месото е безбедно за јадење. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

