Забава
На денешен ден пред 75 години беше емитувана радиодрамата што ја испаничи Америка
На денешен ден пред 75 години беше емитувана радиодрамата „Војна на световите“ во режија на Орсон Велс. Емисијата предизвика паника од невидени размери.
Пред 75 години, на само ден пред популарната Ноќ на вештерките, на радиостаницата
CBS беше емитувана најпопуларната радиодрама во историјата ‘Војна на световите’ на Х.Г. Велс, во режија на тогаш 23 годишниот Орсон Велс. Целата емисија ќе останеше само делче од историјата на радиото, да не предизвикаше паника од невидени размери меѓу американското население.
„Дами и господа, ја прекинуваме нашата музичка емисија заради вонредни вести на Intercontinental Radio News. Дваесет минути пред осум, според централно време, професорот Фарел од опсерваторијата Маунт Џенингс забележал неколку експлозии на запаллив гас кои се појавиле во еднакви интервали на Марс. Спектроскопот покажа дека запалливиот гас е водород и дека се движи кон Земјата со голема брзина, со овие зборови почна радиодрамата, режирана од 23 годишниот Орсон Велс.
Уверливата глума, вклучувањето на астроном во програмата, извештај на репортерот од местото на настанот, звучни ефекти кои емитуваат вонземен звук, сето тоа дополнително го разгоре огнот меѓу американското население.
„Дами и господа, ова е нешто најстрашно што сум го видел во животот…чекајте…нешто ползи од шуплината на машината. Некој, или…нешто. Гледам дека од црната дупка се гледаат два светлечки диска…дали се тоа очи? Би можело да биде лице. Да, би можело да биде лице…нешто излегува од карпата како сива змија. Уште едно. И Уште едно. Го гледам телото ан тоа суштество…огромно е како мечка со светлечка кожа…Дами и господа, ова не може да се опише. Одвај можам да се присилам да гледам во тоа…“.
Полициските телефони, радиостаниците, новинските куќи биле затрупани со повици од преплашените граѓани, а биле организирани дури и молитви. Еден фармер наводно запукал по резерварот за вода, мислејќи дека е марсовец.
Програмата ја слушале шест милиони луѓе, од кои над 1,5 милиони поверувале во вистинитоста на приказната.
Покрај тоа, луѓето тогаш имале навика да ги менуваат радиостаниците за време на паузите, што Велс го искористил за драматичниот вовед во приказната. За време на емисијата дознал дека меѓу населението завладеала паника, иако CBS во неколку наврати го прекинувал емитувањето нагласувајќи дека во прашање е фикција.
Велс на крајот на емисијата се извинил заради настанатата паника.
„Догледање на сите и сетете се следните денови на лекцијата што ја научивте вечерва. Тој насмеан, вжарен точест натрапник во вашата дневна соба е тиква. А ако ви заѕвони некој на вратата, отворете ги и сватете дека нема никој. Тоа не беше марсовец, туку Ноќ на вештерките“.
Иако по оваа радиоемисија се најде на лош глас, сепак Велс стана меѓународно популарен. Наводно неколку месеци од емитувањето, во еден од своите јавни настапи ја споменал и Хитлер. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

