Забава
Какви телефони користат светските државници
Светските државници со години не сакаа да користат ниеден друг телефон освен Blackberry за разговори и проверување на електронска пошта, а американскиот претседател Барак Обама и денес користи ваков телефон.
Но на почетокот од март се појави и информација дека Службата за комуникации во Белата куќа тестира и други телефони, вклучувајќи Samsung и LG, пишува британскиот весник Guardian.
За светските лидери под безбедност не се подразбира тоа да имаат лозинка за отклучување на телефонот, туку и заштита од обидите на аматерските и професионалните хакери, а уште поважно, од шпионските агенции кои сакаат да знаат со кого, каде, кога и зошто сопственикот на телефонот разговара и разменува пораки и мејлови.
Прислушувањето на мобилниот телефон на лидер на некоја земја претставува најголем неуспех за нејзината национална безбедносна агенција. Досега Blackberry беше телефон за кој безбедносните агенции најчесто се одлучуваа, но двата најголеми светски произведувачи на смартфони, Apple и Samsung сега се закануваат дека би можеле да му го одземат приматот.
Blackberry досега беше омилениот телефон и меѓу корпоративните раководители ширум светот, но Apple постојано работи на зголемувањето на безбедноста на iPhone-от, кој започна да го презема приматот и во финансиски институции како што е Goldman Sachs, компанија позната по тоа што некогаш нејзините челници користеле телефони кои биле само со класична тастатура.
Според Guardian, поради тоа што на ривалските мобилни телефони постојано им се зголемува степенот на безбедност, прашање на време е кога Apple или Samsung ќе влезат во Белата куќа. Можеби тоа нема да биде за време на мандатот на Обама, но би можело да се случи за време на мандатот на неговиот наследник.
За мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел доста се пишуваше во октомври минатата година, кога беше обелоденето дека американската Национална безбедносна агенција (NSA) ја прислушувала Меркел преку нејзиниот телефон.
Меркел има најмалку два мобилни телефони кои редовно ги користи, еден е Nokia 6260 Slide, кој наводно бил прислушуван од NSA и кои Меркел го користела за обавувањето на партиски работи, додека пак за државните работи, Меркел користи Blackberry Z10, опремен со чип за шифрирање на податоци.
Германската компанија која го произведува овој чип, Secusmart, тврди дека тој е безбеден од хакирање и го рекламира како Kancelar-Handi, односно „телефонот на канцеларот”.
Една од првите работи на кои инсистирал Обама во почетокот на својот мандат во 2009 година во Белата куќа, била да го го задржи својот омилен Blackberry, и покрај противењето на адвокатите на американската администрација и челниците на тајните служби.
„Ќе го задржам својот Blackberry. Ако сакаат да се откажам од него, ќе мораат да ми го земат од рака”, рекол тогаш Обама.
Оттогаш американскиот претседател користи напредна верзија на Blackberry, која исто така содржи чип за шифрирање на податоци. Неколку високи официјални лица во Белата куќа ја имаат неговата e-mail адреса, а Обама пред три месеци во разговор со група млади изјавил дека „поради безбедносни причини не му е дозволено да има iPhone”.
Рускиот претседател Владимир Путин пак, меѓу останатото, е познат по тоа што тврди дека не поседува мобилен телефон, за разлика од премиерот Дмитриј Медведев, кој е по познат по наклонетоста кон производите на компанијата Apple, а тој дури постана и еден од првите сопственици на iPhone 4, кој уште пред да биде пуштен во продажба му беше подарен од основачот на Apple, Стив Џобс.
Путин во 2006 година изјавил дека поседува многу мобилни телефони, но дека не корист ниту еден, бидејќи нема време и дека повеќе сака други методи на комуникација. Четири години подоцна, Путин рекол дека нема ниеден телефон.
„Ако имам мобилен телефон, тој би ѕвонел постојано”, истакнал рускиот претседател.
Путиновата аверзија кон мобилните телефони би можела да потекнува од времето кога тој бил шпион за КГБ, наведува британскиот весник, потсетувајќи дека рускиот лидер е познат и по тоа што избегнува интернет, а информациите ги добива од извештаите на своите безбедносни агенции.
Францускиот претседател Франсоа Оланд не се дели од својот iPhone 5, а локалните медиуми известуваат дека тој е во постојан контакт преку смс пораки со својата девојка Жили Геје.
Дури и пред информациите на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден дека NSA ги шпионира француските граѓани, поради што француските министри во август мината година мораа да се откажат од смартфоните и таблетите, на францускиот претседател му бил даден безбеден телефон од компанијата Teorem.
Оландовиот претходник Никола Саркози пак, сметал дека овој телефон е премногу сложен и одбил да го користи поради тоа што за воспоставување на телефонска врска биле потребни дури 30 секунди.
Светските медиуми почнале да шпекулираат и за мобилниот телефон на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, откако во јануари 2013 година, тој бил фотографиран на состанок на националната безбедносна агенција, држејќи смартфон, наводно производ на тајванската компанија HTC.
Јужнокорејските медиуми објавиле дека Ким Џонг Ун, кој е еден од двата милиони корисници на мобилни телефони во својата земја, која има популација од 25 милиони, веројатно го користи телефонот за да контактира со членовите на своето семејство и со челниците на неговата Работничка партија.
На севернокорејските корисници на мобилни телефони не им е овозможен пристап до интернет, туку само да имаат телефонски повици и да праќаат пораки внатре во земјата, додека на странските државјани им е дозволено да комуницираат меѓу себе и да имаат телефонски повици со странство, но не и со локалното население.
Новиот италијански премиер Матео Ренци пак, е многу повеќе од просечен корисник на iPhone, туку тој е голем обожавател на Apple, а еднаш се има и фотографирано пред седиштето на компанијата. Кога Стив Џобс почина во 2011 година, Ренци на социјалната мрежа Facebook му напишал посвета, нарекувајќи го „Леонардо да Винчи на нашето време”, наведува Guardian./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Го избра „погрешниот“, а сега се сакаат најмногу на светот: „Прво ѝ се допадна Бен Афлек“
Холивудскиот актер Мет Дејмон ја запознал Лусијана Баросо во бар во Мајами во 2003 година, додека тој снимал филм, а таа работела како келнерка. Две години подоцна, тие се венчале и се сметаат за најхармоничниот пар во Холивуд.

Ben Affleck and Matt Damon at premiere of PROJECT GREENLIGHT, NY 11/27/2001, by CJ Contino
Сепак, самиот актер открил дека не било сè толку едноставно, па ја искористил можноста да се пошегува за себе. Познато е дека неговиот најдобар пријател и колега Бен Афлек работел заедно на филмот „Good Will Hunting“, кој всушност го привлекол вниманието на Лусијана.
„По неколку месеци од нашата врска, ја запознав нејзината најдобра пријателка од средно училиште, со која го гледала филмот. Интересно е што нејзината пријателка мислеше дека јас сум „слаткиот“, додека на Лусијана ѝ се допаѓал Бен. Ми го призна тоа пред 23 години. Се испостави дека сопругата го избрала погрешниот човек“, се пошегува Дејмон.

Luciana Barroso and husband Matt Damon arrive at the World Premiere Of Amazon Studios’ And Skydance Media’s ‘Air’ held at the Regency Village Theatre on March 27, 2023 in Westwood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)
Подоцна, сите тие работеа заедно и станаа уште подобри пријатели, а сето тоа стана добра шега што се раскажува со години.

Мет Дејмон и Лусијана Баросо заедно имаат три ќерки, а актерот ја посвои и нејзината ќерка од претходна врска.
Забава
Од денеска сè се менува за три хороскопски знаци: Ќе бидете ослободени од сè што ве задушува
Почнувајќи од 14 јануари 2026 година, три хороскопски знаци влегуваат во нова, изобилна ера на животот.
Астролошкиот транзит на Меркур во опозиција со Јупитер го истакнува дисбалансот помеѓу очекувањата и реалноста, покажувајќи каде плановите биле премногу расфрлани или ветувањата биле нереални за долгорочен напредок.
Овие астролошки влијанија поттикнуваат помудро донесување одлуки бидејќи откриваат што е одржливо на долг рок. Ова создава можност за планирање на идно изобилство врз основа на реални увиди. Три хороскопски знаци влегуваат во постабилна фаза, ослободувајќи се од врските со нестабилноста што донеле нервоза. Сега е време да се гради врз цврста основа и да се верува во сопствената проценка.
Бик
Транзитот на Меркур во опозиција со Јупитер за Бикот ќе открие каде се преоптоварувале. На 14 јануари, ќе им стане јасно кои обврски ги исцрпиле и каде треба да забават. За нив, изобилството започнува со поедноставување, а препознавањето на она што не функционира е првиот чекор. Со елиминирање на вишокот обврски и извори на стрес, животот повторно ќе се чувствува поуправлив и понадежен, дозволувајќи им да влезат во нова ера на изобилство.
Вага
За Вагите, 14 јануари означува пресвртница во нивниот пристап кон рамнотежа. Меркур во опозиција со Јупитер им открива дека постојаното задоволување на другите дошло со висока лична цена. Нивната нова ера на изобилство започнува со поставување граници и враќање кон сопствените потреби. Иако сè уште можат да бидат љубезни, повеќе не мора да одат подалеку од очекувањата за да ги задоволат другите. Време е Вагите да си дадат приоритет на себеси.
Стрелец
Ова астролошко усогласување ги охрабрува Стрелците да забават, а на 14 јануари конечно ќе разберат зошто. Меркур во опозиција со Јупитер им покажува дека премногу отворени можности и проекти го спречуваат вистинскиот напредок. Иако уживаат во мултитаскинг, ретко нешто завршуваат. Изобилството за нив доаѓа преку фокус. Посветувањето на еден пат, наместо разгледување на многу опции одеднаш, е клучот за постигнување напредок.
Забава
(Видео) Деми Мур во креација на српска дизајнерка: „Ова е совршенство“
Познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ веќе долго време живее и работи во Лондон, а нејзините креации беа заштитен знак на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, во неколку наврати. Следејќи го нејзиниот пример, сега се придружи и Деми Мур, позирајќи во уникатен фустан од познатата Србинка.
Виолетовиот миди фустан со асиметричен крој беше изборот на актерката за снимањето на серијата „Лендмен“, чија втора сезона штотуку започна да се емитува.
Својот гламурозен стајлинг го комплетираше со спектакуларен накит и лакирани сандали, но фустанот сепак го украде шоуто и беше главна тема.
„Нема подобро од ова, ова е совршенство“, беше еден од коментарите.
Деми Мур уште еднаш ја покажа целата своја магија.

