Забава
Померанец е најбрзото куче на две нозе во светот – ВИДЕО
Померанецот Џиф од Лос Анџелес е најбрзото куче на две нозе во светот.
Џиф е впишан во Гинисовата книга на рекорди откако истрча 10 метри на задните нозе за 6,56 секунди и спринт од пет метри на предните шепи за помалку од осум секунди, пишува Independent.
Џиф двете трки мораше да ги истрча за време под 10 секунди за да биде впишан во Гинисовата книга на рекорди, а тоа му успеа од првиот обид.
Неговите сопственици велат дека Џиф тренира секој ден за да ја подобри неговата необична вештина.
Покрај рекордор, Џиф „поседува“ и голем број на обожаватели – речиси 1,3 милиони фанови на Facebook и над 14.000 следбеници на Twitter.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон го слави својот 43 роденден, Вилијам и посвети емотивна објава
Кејт Мидлтон го слави својот 43 роденден.
Во оваа прилика нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и посвети емотивна објава.
„На една неверојатна сопруга и жена. Силата што ја покажа изминатава година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме толку горди на тебе. Среќен роденден, Кетрин. Те сакаме. В“, се вели во објавата на Инстаграм.
Забава
Викторија Бекам го коментираше пожарот во Лос Анџелес: „Срцето ми се крши, чувајте се“
Викторија Бекам се огласи на Инстаграм по повод разорниот пожар кој сè уште беснее во Лос Анџелес.
„Моето срце се крши кога ги гледам уништувањата и загубите предизвикани од овие шумски пожари“, започна таа.
„Лос Анџелес има посебно место во срцата на нашето семејство и нашите мисли и молитви се со сите погодени од пожарот, особено оние кои ги загубија своите домови или најблиските“, додаде таа.
„Ние сме неизмерно благодарни на храбрите пожарникари и службите за итни случаи кои ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат другите. Ве молиме бидете безбедни и внимавајте еден на друг во овој тежок период“, заклучи Викторија.
Забава
(Видео) Џејми Ли Кертис совладана од емоции поради пожарот во Лос Анџелес: „Ова е ужасно“
Џејми Ли Кертис се појави на шоуто на Џими Фалон во средата вечер, каде се осврна за разорните пожари што го опустошија Лос Анџелес. Кога се појави во студиото, публиката ја поздравила со аплауз, а 66-годишната актерка признала дека се чувствува како „да ќе заплаче во секој момент“.
„Како што знаете, местото каде што живеам е во пламен во моментов. Буквално, целиот Пацифик Палисадес е во пламен“, рече таа, додавајќи дека за пожарот дознала додека летала за Калифорнија.
„Страшно е луѓе. Катастрофа е во Јужна Калифорнија. Страшни пожари зафатија многу места. Таму живеам јас“, рече таа, додавајќи дека многу нејзини пријатели ги загубиле своите домови.