Забава
‘Selfie' збор на годината во изборот на Oxford Dictionaries
Зборот „Selfie“ којшто означува автопортрет направен, на пример, со паметен телефон или веб камера, според изборот на Oxford Dictionaries е зборот на годината поради тоа што за 17 илјади отсто се зголемила неговата употреба во текот на изминатава година.
Овој збор е избран затоа што „доби замав во англиското говорно подрачје во 2013 година, и се проширил по социјалните мрежи во вообичаеното говорно означување за автопортретска фотографија“, се наведува во соопштението на Oxford Dictionaries.
Зголемувањето на неговата употреба е пресметано од страна на Oxford Dictionaries преку користење на програмата за истражување која собира околу 150 милиони англиски зборови кои се во употреба на целиот веб простор секој месец. Овој софтвер може да се користи за следење на појавата на нови зборови, како и да ги следи промените во нивната географска употреба, во регистрите и фреквенцијата на нивното користење.
Зборот „Selfie“, инаку, првпат се појави на австралиски интернет форум во 2002 година.
Зборот кој традиционално се избира за „зор на годината“ не мора да настанал изминатата година и ме мора долго да остане во употреба, вели уредничката Џуи Пирсол од Oxford Dictionaries.
Во потесниот избор годинава биле и зборот „twerk“, со што се означува вулгарно движење во танцот изведенка на пејачаката Мајли Сајрус, и „binge-watch“ што се однесува на прекумерно гледање телевизија. Зборот „schmeat“ што означува форма на месо синтетички произведено од биолошко ткиво, исто така, бил кандидат за нај-збор на годината.
Изборот на „зорот на годината“ е своевидно одавање признание на инвентивноста на англофоните кога ќе се соочат со социјалните, политичките или технолошките промени. Така во 2004 година зборот „chav“, во 2008 година „creditcrunch“, а минатата 2012 година „оmnishambles“ неологизам составен од латинскиот префикс „omni“ што значи „сé“и зборот „shambles“ кој значи „збрка“, и означува состојба којашто изгледа збркано и хаотично во секој поглед./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.