Забава
Револверот на Бил Хикок на наддавање
Револверот кој Дивиот Бил Хикок го носел кога бил убиен на партија покер во 1876 година, ќе биде понуден на продажба во ноември во Сан Франциско, објави аукциската куќа Bonhams Auctioneers и очекува дека би можел да постигне цена од половина милион американски долари.
Дивиот Бил Хикок, една од легендите на американскиот Див Запад, носел револвер „Smith & Wesson No.2“ за војската кога бил застрелан од зад грб на возраст од 39 години во салунот „Nuttal & Mann’s“ во Јужна Дакота. Интересно е и тоа што славниот револвераш поради својата лична безбедност секогаш седел со грбот свртен кон ѕидот, но на денот на смртта не го почитувал своето правило, затоа што неговиот партнер во играта одбил да го замени местото.
Според процените, се очекува револверот да достигне цена од половина милион американски долари. Овој модел бил особено ценет затоа што за неколку секунди можело да му се замени цилиндарот со куршуми, а бил употреблив дури и ако бил потонат во вода. Револверот нормално би постигнал цена од само две илјади долари, меѓутоа, поради оригиналната сторија и поради тоа што го држела легендарната рака на Хикок, тој ја подигнува цената за 250 пати.
Картите што тогаш ги држел во раката се наречени по тој случај „Dead man’s hand“ (познато како ‘рака’на мртовецот или карти на смртта) а означува пар црни аса и пар црни осумки, додека петтата карта останала тајна. Го убил ловец на бизони и картаџија Џек Маккол, кој според една од легендите го одмаздвуал својот брат а според друга ден претходно загубил пари на партија покер и кој за убиството бил осуден на смртна казна.
Живото на Дивиот Бил, чие вистинско име било Џејмс Батлер Хикок, е тема на многу вестерн романи и е екранизиран повеќе пати.
Бегалец пред законот од својата 18-та година, славата ја стекнал како прецизен стрелец и коцкар, а извесен период работел и како припадник на сојузните сили на законот и редот. Хикок застрелал 36 противници во двобои и престрелки.
Двобојот во кој го убил Дејвис Тат поради спор околу коцкарски долг во 1956 година во мисури станал легендарен, бидејќи бил првиот воопшто двобој со брзо извлекување на оружјето ткн „quick draw duel“. Во текот на тој двобој, наместо извлекување на оружјето лице в лице, двајцата биле свртени странично на оддалеченост од околу 70 метри./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тие го менуваат целиот свој живот за секунда: овие хороскопски знаци излегуваат како победници од секој предизвик
Животот е полн со неочекувани предизвици и пречки, но дали некогаш сте забележале како некои луѓе се справуваат со нив со неверојатна леснотија?
Додека некои паничат и се откажуваат, други ги засукаат ракавите и наоѓаат излез од навидум невозможна ситуација. Астрологијата открива дека ѕвездите навистина имаат влијание врз нашата снаодливост, а овие хороскопски знаци се вистински решавачи на проблеми.
Близнаци
Близнаците се одлични комуникатори, а нивната најголема сила лежи во нивната неверојатна прилагодливост. Кога се соочуваат со проблем, нивните умови работат деноноќно, анализирајќи ја ситуацијата од сите можни агли. Тие не се држат слепо до еден план, туку се подготвени да го променат курсот и да пробаат нешто ново во секој момент.
Нивната вродена љубопитност и шарм често се нивни тајни оружја. Близнаците не се двоумат да побараат помош или информации, а нивната способност да се поврзат со речиси секого отвора врати што се затворени за другите. Тие ќе ве убедат, ќе преговараат и ќе најдат решение таму каде што никој друг не го гледа – и сето тоа со насмевка на лицето.
Шкорпија
Кога Шкорпиите се соочуваат со проблем, тие не го гледаат како пречка, туку како предизвик што треба да се надмине. Нивната решителност и продорна интуиција се неспоредливи. Додека другите ја гледаат само површината на проблемот, Шкорпиите копаат длабоко, барајќи скриени причини и слаби точки што можат да ги искористат во своја корист.
Тие поседуваат неверојатна отпорност и способност за регенерација. Дури и кога не успеваат, тие се издигнуваат од пепелта посилни од порано. Нивниот стратешки ум не го познава зборот „не“.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Скромниот милионер ги насмеа сите: „Се чувствувам ужасно, не можам да поднесам панталони и глупави кошули“
Познатиот актер Адам Сандлер (59) со години ужива популарност кај поголемиот дел од публиката, а сега поради промоцијата на неговиот нов филм, тој е поприсутен и во медиумите.
Во едно интервју, тој зборуваше, донекаде хумористично, за тоа како се справува со сите свои обврски, но и за фактот дека сега повеќе од кога било мора да носи свечени костуми. Адам е исто така еден од ретките актери кои ја задржале својата скромност, па многумина го нарекуваат „најскромниот милионер“.
Сандлер е познат по своите лежерни модни изданија, широки фармерки и маички, а сега сепак мораше да позира во нешто поформални изданија.
Во интервју за Entertainment Tonight, Сандлер се пожали како се чувствувал ужасно.

„Беше ужасно, не ми се допаѓа тоа чувство. Не можам да поднесам панталони, сакоа и глупави кошули. Ги мразам“, рече тој.
Дури и комплиментите од обожавателите кои му рекоа дека изгледа одлично и помлад од кога било не го развеселија.
Интересно е што претходно оваа година, Џорџ Клуни ја презеде заслугата за трансформацијата на имиџот на Адам Сендлер, велејќи дека тој го натерал да почне да носи одела. Сепак, и покрај ова, актерот сè уште не се чувствува удобно во такви облеки.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Едно парче облека е задолжително за зима: како да го носите
Кога станува збор за светот на модата, постои едно парче кое се враќа веднаш штом ќе се намалат температурите, а тоа се, погодивте, зимски плетени елеци.
Некогаш резервирани за професори и хип-хоп икони од 90-тите, денес тие станаа симбол на модерен стил и безвременска елеганција. Од Гучи до Гани, најголемите модни брендови ги вклучија во своите колекции, а трендсетерите ги носат во сите пригоди – од улица до канцеларија. Накратко, ако се прашувате дали зимските плетени елеци се повторно во мода – одговорот е да!
Зошто зимските плетени елеци се во фокусот?
Ова парче всушност комбинира сè што бараме во текот на студените месеци: удобност, топлина и стил. Плетениот елек повеќе не е само додаток за слоевити комбинации, туку клучен елемент што му дава на секој аутфит софистициран и промислен изглед.
Лесно се вклопува со кошули, ролки или дури и сатенски фустани, па затоа е омилен и од минималистите и од оние кои сакаат спектакуларни детали.
Неговата практичност го прави совршен избор за деновите кога сакаме да изгледаме дотерано, но сепак да се чувствуваме удобно.
Зимските плетени елеци стануваат синоним за рамнотежа помеѓу удобноста и елеганцијата – доказ дека модата може да биде топла и тренди во исто време.
Како ги носиме плетените елеци оваа зимска сезона?
За љубителите на класичен и preppy стил, зимскиот плетен елек во комбинација со бела кошула и плисирано здолниште создава совршена рамнотежа помеѓу елеганцијата и софистицираноста. Со чизми до глужд и златен накит, овој outfit изгледа софистицирано, но опуштено – идеален за деловни состаноци или градски прошетки.
Ако преферирате порелаксиран изглед, одлучете се за преголем плетен елек преку памучна маица или кошула со принт. Комбинирајте го со широки панталони или фармерки со висок струк, додадете кожна јакна и ќе добиете автентичен изглед во уличен стил.
За поелегантен впечаток, изберете зимски плетени елеци во неутрални тонови. Комбинирајте ги со панталони со висок струк и палто со рамен крој за беспрекорен деловен outfit. Со чизми со потпетици и чанта во контрастна боја, ќе изгледате ненаметливо, но ефективно.
Без разлика дали ги сакате класиците или експериментирате со стилови, зимските плетени елеци се вашиот најдобар сојузник во студените денови.
Тие се совршена комбинација од топлина, удобност и софистицираност – моден мост помеѓу традицијата и модерноста.
фото: принтскрин

