Македонија
Левица: Борбата продолжува, меѓународниот фактор нема да ја заврши работата за нас
Партијата „Левица“ ги поздравува сите граѓани на Македонија што се вклучија во протестите, но предупредува дека борбата не завршува и порачува дека граѓаните не треба да се надеваат дека меѓународниот фактор ќе им ја заврши работата.
„Покажавме дека заедно сме посилни, покажавме дека заедно можеме да успееме! Но, истовремено предупредуваме дека борбата не е завршена. Не смее да дојде до опуштање, не смееме да ја повториме грешката од лани, кога се понадевавме дека меѓународниот фактор ќе ни ја заврши работата за нас. Ова е наша најголема прилика да ја вратиме демократијата, но можеби и наша последна прилика. Тоа не смееме да го изгубиме од вид“, се вели во соопштението од партијата.
Според нив, повлекувањето на одлуката за избори на 5 јуни е само едно од нивнитеБарања, но се уште не се исполнети другите нивни барања, а најбитното е целосно повлекување на аболицијата.
Во саботата граѓаните повторно излегоа на протест и покрај дождот. Од пред Специјалното јавно обвинителство се упатија кон Собранието, а потоа повторно го обоија Министерството за правда. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

