Македонија
ГДОМ продолжи со контрапротестите „За Македонија се работи“
„За Македонија се работи“ е пораката која во понеделникот вечерта ја испратија од собирот што веќе неколку дена по ред во Битола го организираше Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), како контрапротест на антивладините протести на здружението Протестирам. Собири на ГДОМ со барање за предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни како начин за надминување на долгата политичка криза во земјата, беа во понеделникот одржани и во Берово, Велес, Кавадарци и други градови.
Поворката бројни битолчани му дадоа поддршка на ГДОМ, со мотото дека само со одржување на избори на 5-ти јуни Македонија ќе излезе од наметнатата политичка криза и ќе продолжи напред.
Претходно, Елена Трајчевска, советник во битолскиот совет ВМРО-ДПМНЕ, ги критикуваше акциите на приврзаниците на ткн „Шарена револуција“ за нагрдување со боја на спомениците и обележјата во Битола.
„Досега невидено, никаде во никое демократско општество никој не се пофалил со вандализам и сквернавење освен нашата опозиција.. А само замислете, како би се фалеле и ликувале за нивните недела кога би дошле на власт, кога уште сега се закануваат дека повторно ќе си ја почнат истата политика на деструкција и уништување што веќе добро сите ја знаат. УНиштувањето и затворањето на се што е постигнато, новоотворено, новоизградено, сите можности за граѓаните, се што Мкедонија може да ја води напред, и тоа се само за да ја задоволат својата желба за власт! Зарем уништувањето и сквернавењето на споменици, на јавни институции во сопственост на Македонскиот народ и непочитувањето на некаква вредност се нешта со кои една политичка опција би требало да се пофали?!, запраша Трајчевска оценувајќи дека тоа, сепак, е резултат на очај од недостигот од резултати и доверба кај граѓаните.
Во Велес, исто така, приврзаниците на ГДОМ побараа одржување на изборите на 5-ти јуни и завршување на кризата во Македонија. Во Кавадарци, пак, беше истакната пораката да не се злоупотребуваат децата во политички цели, забележувајќи дека на протестите на опозицијата се носат деца на кои им се даваат да носат транспаренти со недолични пораки. Граѓанското движење за одбрана на Македонија денес организира собир на граѓани и во Берово. И во Штип во понеделникот се одржа собир во поддршка на ГДОМ, на кој беше повторен ставот за одржување на избори на 5-ти јуни, а приврзаниците на движењето го истакнаа транспарентот со написот „Одбрана на Македонија“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

