Македонија
Зголемен интензитет на сообраќајот вон градските средини
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. /крај/амсм
Извор: АМСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело
Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници.
Град Скопје го обвинува претседателот на Советот, Трајко Славески дека дејствувал спротивно на Законот и Деловникот на Град Скопје, донел заклучок без кворум, не им дозволил на претставниците на градската аднимистрација стручно да се произнесат, а дополнително упатил и закани кон вработените.
„Спротивно на член 87 од Деловникот на Советот на Град Скопје, без кворум односно неопходното мнозинство за работа од 23 советници, без соодветно од страна на стручните служби да биде утврден бројот на советници присутни во салата и бројот на гласови, своеволно изјавивте дека заклучок е донесен и притоа повикавте вработените во градската администрација и Градоначалникот да постапуваат иако стручните служби на Град Скопје и сите останати советници во Советот укажуваа на неправилностите во водењето на седницата и немањето кворум за одлучување“, велат од Град Скопје во дописот до Славески.
Од тука нагласуваат дека ваквиот Заклучок кој произлегува од Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената на услугата која ја добиваат приватните превозници, гласан без кворум не може да се смета за донесен.
„Стручните служби во градската администрација и градоначалникот во ниту еден момент и на никој начин нема да бидат соучесници во вашето грубо прекршување на Статутот, Деловникот и незаконското постапување“, наведе Град Скопје, додавајќи дека покачување на цената по километар се врши врз основа на критериуми, а не по нечија желба. Како критериуми, меѓудругото, ги наведуваат трошоците за гориво, бруто плата на возачи, трошоци за резервни делови, регистрација, технички преглед.
„Секој поинаков предлог и донесување акт е спротивно на позитивните законски прописи и подзаконски акти, а доколку реалната цена добиена согласно горенаведените критериуми е пониска од онаа која вие сте ја договориле без соодветна анализа и факти, истото ќе предизвика штета на Буџетот на Град Скопје и прибавување противправна имотна корист на други лица“, се вели во дописот до Славески.
Според Град Скопје, тој сакал свесно да ги задолжи градоначалникот и секторите да изготват и поднесат незаконски акт кој може да го оштети Буџетот, односно да преземат дејствија со елементи на кривично дело.
Допис од Град Скопје до Трајко Славески (1)
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески претходно објави дека дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници.
„Иако како претседател на Советот замолив Секторот за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок“, вели Славески.
Тој тврди дека во моментот на гласањето некаде околу една минута, ја молел службата да ги изброи гласовите, а советниците стоеле и тоа може да се види од снимката. Рече дека советниците имале забрана да ги бројат гласовите, а тоа може многу лесно да се провери.
Совет на град Скопје по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за… pic.twitter.com/lkz973lFmx
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 29, 2024
„Не остана ништо друго, туку јас самиот да избројам. Во меѓувреме нели советниците од СДСМ кажаа дека нема да прават кворум, ќе го растурат кворумот не успеаа во тоа, може и тоа да се провери да се изброи, така што донесена е одлуката“, рече Славески.
Македонија
Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници.
„Иако како претседател на Советот замолив Секторот за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок“, вели Славески.
Претходно, советот на град Скопје по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници, со конкретни насоки, рече Славески.
Нагласи дека останува да го чека потпис актот во неговата канцеларија во Советот на град Скопје.
Македонија
Левица: Иако имале информации за дестабилизација властите тотално потфрлија
Властите имаа цели 5 месеца да ја превенираат ,најавуваната од Мицкоски дестабилизација, а тотално потфрлија, велат од политичката партија Левица.
Од тука ги оценија како скандалозни изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски, коишто при вчерашниот тотален хаос, беззаконие и безредие при прославата на албанското знаме, упатија честитки и задоволство од наводното професионално, соодветно, навремено и државничко постапување на полицијата.
„Денешните изјави на министерот Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски дека при синоќешните нереди полицијата постапила професионално, соодветно, навремено и државнички, се врв на цинизмот и навреда за македонскиот народ! Како може да се нарече професионално тоа што полицијата не презеде никаква акција додека вооружени лица во центарот на градот пукаа со огнени оружја?! Како може да биде државнички кога полицијата немо стоеше додека македонските национални симболи беа газени, палени, понижувани, демонстративно уништувани?! Омраза се ширеше неконтролирано, без никакви обиди за спречување на ескалацијата“, велат од Левица.
Од тука додаваат дека вчера низ улиците на македонските градови, македонските граѓани беа оставени сами на себе – загрозена им беше безбедноста, се блокираа улици, се промовираше насилство и омраза, а полицијата беше само декор и одби да постапи согласно своите должности и надлежности за превенција и зачувување на јавниот ред и мир.
„Оттука, им укажуваме на Мицкоски и Тошковски дека нивната сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ, коишто беа организатори на повеќе провокаторни настани ширум државата, е она што ќе го прелее трпението на македонските граѓани. Според информациите, коишто ги изнесоа медиумите, биле пријавени повеќе од 750 инциденти, но приведени се само осум лица“, велат од Левица.
Додаваат дека македонскиот народ и Левица бараат неселективна правда, достоинство, безбедна држава, а не влада која толерира хаос и ја потценува интелегенцијата на граѓаните на сметка на коалициониот мир.