Забава
Судот пресуди: ‘Среќен ти роденден’ им припаѓа на сите
Најпознатата и најраширена славеничка песна „Среќен ти роденден“, сепак, им припаѓа на сите, одлучи судот во Лос Анџелес отфрлајќи го барањето на компанијата „Warner Music“ и натаму да ѝ биде признаваат авторските права на оваа композиција.
Песната „Среќен ти роденден“ е неизоставен дел од роденденските забави ширум светот, и ја има својата верзија на речиси сите јазици, од англискиот и францускиот до арапскиот и јапонскиот, па дури е преведена и на „клингонски“.
Но доколку и да песната „Happy Birthday to You“ беше сеприсутна, сепак, таа беше приватна сопственост. На неа правата ги полагаше дискографската компанија „Warner Music“, сé додека тројца американски уметници кои сметаат дека песната му припаѓа на целиот свет, а не на корпорација, не одлучија тоа да го разрешат по судски пат.
Пеењето на песната на приватните роденденски веселби беше бесплатно, но за нејзино јавно изведување требаше да се платат авторски права. Компанијата годишно на неа заработувала до два милиона долара, што „Happy Birthday to You“ ја прави една од највносните песни на сите времиња. Произведувачите на играчки, програмери на мелодиите за мобилните телефони, синџирите ресторани и детски игротеки, сите плаќаат за користење на песната од 500 до неколку десетици илјади долари. Многумина филмски или театарски уметници поради тоа ја одбегнуваа.
Режисерката Џенифер Нелсон, која работела на документарен филм за потеклото на оваа песна морала да плати 1.500 долари за да ја користи, па одлучи „Warner Music“ да го даде на суд. Ѝ се придружија уште двајца уметници, музичар кој ја објавил „Happy Birthday to You“ на албум и режисер кој бил непријатно изненаден од фактура од 3.000 долари затоа што песната ја користел на филм. „Таа песна претставува голем дел од нашите животи. Не е чесно што мораме да ја плаќаме“, изјави Нелсон.
Компанијата „Warner Music“ ги стекнала авторските права во 1935 година и го обновила во 1963 година. Обвинителите сметаа дека тоа незаконски. Нелсон неодамна „непобитен“ доказ – песнарка објавена во 1922 година во којашто се наоѓа „Happy Birthday to You“ без „copyright“, што според американскиот закон ги анулира сите подоцнежни барања за авторски права. А тие, и онака, важат 70 години, па песната објавена во 1922 година би требало да биде јавно достапна веќе повеќе од две децении.
Федералниот суд во американската сојузна држава Калифорнија одлучи во вторникот во полза на тужителите. Окружниот суд Џорџ Кинг донел одлука дека песната му припаѓа на светот. Со тоа е ставен крај на оваа двегодишна правна битка меѓу грст филмаџии и мегакомпанијата, пишува The Los Angeles Times.
„’Happy Birthday to You’ најпосле е слободна Конечно оваа шарада заврши“, изјави адвокатот Рендал Њумен, кој ги затапуваше тужителите на судот и ја сметаше оваа битка како судир на Давид и Голијат. Од „Warner Music“, пак, соопштија дека ќе ја разгледаат можноста за натамошна правна битка за авторските права.
Инаку се смета дека корените на песната се стари повеќе од еден век. Во 1893 година, композиторката од американската сојузна држава Кентаки, Мидред Хил и нејзината сестра Пети, учителка во детска градина, заедно ја компонирале песната изворно насловена „Good Morning to You“м како експериментално наставно средство – едноставна мелодија којашто децата би требало лесно да ја запаметат и да ја повторат.
Песната со малку зборови лесно можела да се прилагоди и за други потреби, па ја пееле во разни прилики. Така, на една роденденска забава во Кентаки и настанала верзијата „Happy Birthday to You“ којашто се децении подоцна стана составен дел од американската поп култура. Тоа е првата песна користена на музичка телеграма и првата песна отпеана во Вселената. Мисионерите од Кентаки прво ја донеле во Европа и така започнала да се шири по светот.
„Ја слават сите култури ширум светот и им припаѓа на сите. Тоа е народна песна“, смета Нелсон./крај/мф/сн
Извор: The Los Angeles Times
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

