Култура
Новата ѕвезда на британскиот стрип има 11 години

Британецот Зум Рокман има само 11 години а веќе стана реномиран автор, илустратор и издавач на сопствениот досега многупати награден стрип „The Zoom!“, чии први изданија веќе станаа колекционерски примероци.
Младиот лондончанец, кој во светот на стрипот навлегол на осумгодишна возраст кога почнал да се занимава со колекционерство на винтаж изданија на неговиот најомилен стрип „The Beano“, на пишување на сопствен стрип го вдахновиле стрип јунаците на коишто и самиот најмногу им се восхитува – Лошкото Денис и Роџер д’ Доџер, пишува лондонскиот весник The Independent.
Првиот лик што го осмислил бил Крашер, злобно момче кое стреми кон вандализам. „Тој е темелен на лошкото Денис,. Го направив навистина глуп и сакав со секое ново издание да станува сѐ позол и позол. Така во петтото издание на стрипот ‘The Zoom!’ тргнува во пљачка во време на познатите лондонски улични протест, кога краде пелени“, појасниува 11-годишниот Зум Рокман.
Кусо време откако го креирал ликот на Крашер сфатил дека веќе има повеќе отколку што е доволно материјал за целосно издание на сопствен стрип. Првото изание на „The Zoom!“ е објавено во ноември 2009 година, кога имал само девет години. Денес на своите приказни работи секој ден по училишните обврски, а ги црта во сабота и недела, создавајќи еден стрип седмично. Детален, духовит и забавен стрип, преполн со извонредно живи ликови, „The Zoom!“ излегува полугодишно, а наскоро ќе го доживее своето седмо издание.
Стрипот „The Zoom!“ засега може да се најде на неколку продажни места во британската престолнина Лондон, како и во култната лондонска стрип-продавница „Gosh! Comics“ во квартот Сохо, а може да се набави и директно од Зум, кој го продава во училиштето.
Самиот Зум, кој кога ќе порасне сака да биде филмски режисер, веќе го привлекува вниманието на медиумите, па така веќе даде интервју за британскиот државен радиодифузер BBC, го фотографираа за многу написи во локалните магазини и е добитник на многу награди.
Секое издание на неговиот стрип излегува во 250 примероци, што ги финансира таткото на Зум, кој добива 40 отсто од остварената добивка. Цената Зум неодамна ја зголемил од 99 пени на 1,99 фунти. „Ставив повеќе боја на кориците и го зголемив форматот од А5 на А4“, го појаснува авторот овој потег. Секое издание содржи и многу реклами и огласи, коишто самиот ги илустрира.
Инспирацијата за ликовите ја пронаоѓа меѓу луѓето од неговата околина. Дедото на пријателката на неговата мајка, на пример, го инспирирал за ликот на мрзоволниот пензионер Грамп Груч, а одделението полн со лоши ученици „The Nutters“ се всушност неговите другарчиња од училиштето. Еден од ликовите е и неговиот помлад брат Ејс, а дури и неговиот јоркширски териер Роки Рокман послужил како урнек за серијата кучешки ликови кои се појавуваат во стрипот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”