Македонија
Груевски нема да дозволи заплашување на народот
Премиерот Никола Груевски, во својот говор на прославата по повод празникот Св. Климент Охридски, упати неколку политички пораки па рече дека народот не смее да биде заплашуван, ека избори мора да има, а народот на нив да одлучи што сака, дека ДИК треба да биде канализатор на волјата на гласачите, но и дека нема да прифатат закон за медиуми кој не е европски.
„Државната изборна комисија треба да биде канализатор и спроведувач на волјата на гласачите. Ние како партија имаме јасен став дека експертите кои треба да бидат предложени мора да бидат луѓе со кредибилитет и луѓе кои ги исполнуваат највисоките професионални стандарди, луѓе кои што важат за политички неутрални“, рече Груевски, осврнувајќи се на изборот на новата ДИК, која ќе има проширес состав и зголемени надлежности, а за која се разговара во работните групи за спроведување на договореното од Пржино.
Во Државната изборна комисија, според премиерот, треба да се работи по словото на законот и согласно фактите, а не по желбата на политичарите.
“Зад искривувањето на ваквите начела и принципи стои желбата да се наштети на процесот, да се избега од избори. И ние тоа нема и не смееме да го дозволиме. Мора да воведеме повисоки критериуми, мора да не се наштети на волјата на граѓаните“, рече Груевски.
Премиерот Груевски истакна дека во однос на медиумите се прифатливи само европски искуства, а не нешто што никаде го нема.
„Нашите позиции се принципиелни и реални. За медиумската сфера, иако има соодветен закон кој е донесен од страна на Собранието во тесна консултација, координација и соработка со Европската Унија и кој од страна на претставникот на ОБСЕ беше оценет со зборот одличен, и за кој освен ЕУ и ОБСЕ, и Советот на Европа даде позитивни оценки, ние сме подготвени да прифатиме измени на закон или нов закон, но само ако таков закон постои во било која европска земја, членка на ЕУ, и кој ќе биде прифатен од оние на кои се однесува, на медиумите и новинарите. Поевропски од ова нема, поевропски здравје. Кој закон сакаат од земја членка на ЕУ таков ќе прифатиме. Но, не нешто што никаде го нема“, рече Груевски.
Премиерот порача и дека избори мора да има, но дека секој оној кој со своето однесување ќе му оневозможи на народот да реши на кого ќе му ја даде довербата, кој ќе се обиде да му го одземе врвното демократско право на народот да решава на избори, без разлика дали тоа ќе го направи со сопственото бегање од избори, прави непринципелно и неетичко дело кое е на ранг на навреда на народот.
„На тој начин, со ова однесување политичкиот конкурент покажува недоверба во своите капацитети и отсуство на соодветна грижа за националните и државни интереси на Република Македонија“, рече Груевски.„Избори мора да има, и избори ќе има. Ова е наша земја и наша земја ќе остане. Народот ќе решава и народот мора да решава. Нема друго и нема бегање“, порача Груевски, во синоќешното обраќање на Академијата по повод празникот Свети Климент Охридски.
Премиерот рече дека ќе се спротивстави на секаков вид заплашување на народот.
„Секаков облик за заплашување на народот, како што го прават нашите политички конкуренти, заплашувањето на сите негови целни групи, пензионерите, социјално ранливите, земјоделците, банкарите, бизнисмените, адвокатите, судиите, обвинителите, новинарите, е неприфатливо, и политичката гарнитура која јас ја предводам секогаш и секаде силно и решително ќе се спротивстави на овие недозволиви однесувања кои ги прават некои поединци и групи“, рече премиерот.
„Не сакам на овој празник да се конфронтирам, додаде Груевски, но и нема да премолчам и не смеам да премолчам, и да не кажам дека секој оној кој се дрзнува да го навреди народот, да го потцени, да го заплаши, ќе наиде на препрека во мене лично и во политичка гарнитура која ја предводам. И нема да помине“, рече Груевски.
Во говорот на академијата за празникот Свети Климент Охридски, премиерот Никола Груевски објави проект со кој средношколците секоја среда ќе можат бесплатно да ги посетуваат државните театри, музеи и кина, а ќе можат бесплатно да се возат и со жичницата на Водно. Проектот започнува со важност од 1 јануари 2016 година.
„Следејќи ја успешната приказна на проектот „Слободен Четврток” наменет за студентите, преку овој нов проект кој се вика “Средношколска Среда” ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава, и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина кај средношколците“, рече Груевски
Премиерот претходно најави и бесплатен превоз за студентите во јавниот градски сообраќај./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

