Контакт

Забава

Чешката полиција два месеца безуспешно го лови ‘голиот танчар'

Објавено пред

Полицијата во северниот чешки град Турнов веќе два месеца безуспешно се обидува да ги фати засега неидентификуван маж, љубител на голо танцување на јавни места, јавува во саботата Чешкото радио.

dobivaj vesti na viber

„Голиот танчар“, според сознанијата на полицијата се крие во грмушки во близина велосипедски патеки, а кога по нив минуваат девојки или жени искокнува од своето скривалиште и трча до преплашените жени изведувајќи две-три пируети и повторно се враќа во скривалиштетот.

Притоа чудакот не се обидува да ги допре жените. Од облеката, „танчарот“ на себе има само патики, капа и очила за сонце, се вели во информацијата на радиото.

Началникот на полицијата во Турнов, Милан Драгоновски смета дека танчарот – хулиган „не претставува некоја посебна опасност за околината, бидејќи не им причинува никаква штета или повреда на жртвите, освен моралната“.

Градската полиција досега добила околу 150 пријави од преплашени жени во градот кој има помалку од 15 илјади жители. Доколку биде фатен „танчерот“ се соочува со казна од 2.500 чешки круни или околу 100 евра.

Градот Турнов се наоѓа во северна Чешка на реката Јизера во јужниот дел на регионот Либерец. Градот се наоѓа во центарот на националниот парк Чешки рај./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ким Кардашијан откри како реагирала нејзината ќерка Норт на критиките за изгледот

Објавено пред

Дванаесетгодишната Норт Вест, ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, стана тема на јавноста поради лажни тетоважи, пирсинг и обоена коса, што многумина го нарекоа непримерно.

dobivaj vesti na viber

Ким во интервју откри дека, кога еден обожавател ја критикувал, Норт самоуверено одговорила: „Ова е толку небитна работа.“

Ким изјави дека тоа бил совршен одговор и додаде дека ја поддржува креативноста на ќерка ѝ, иако понекогаш добива критики поради тоа што дозволува одредени стилови.

Во подкастот Call Her Daddy, таа рече дека сите деца носат слична облека, но дека нејзините избори се секогаш под лупа на јавноста.

На крај, Ким појасни дека целиот изглед бил само костим за Ноќта на вештерките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORTH WEST (@northwsst)

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Сопругата на новиот градоначалник на Њујорк стана модна икона преку ноќ

Објавено пред

Рама Дуваџи, сопругата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, преку ноќ стана омилена на Генерацијата З. Ја споредуваат со принцезата Дајана, се восхитуваат колку е кул, го копираат нејзиниот моден стил…

dobivaj vesti na viber

Дуваџи е аниматорка и илустраторка чиј стил е сличен на многу млади уметници од Менхетен или Бруклин: таа комбинира каубојски чизми до колена со шорцеви или преголеми бели кошули со големи сребрени обетки и многу ѓердани.

На прославата на победата на нејзиниот сопруг, таа носеше црна маица без ракави од палестинскиот дизајнер Зеид Хиџази.

@vanityfair New York City Mayor-Elect #ZohranMamdani was joined by his wife #RamaDuwaji ♬ original sound – Vanity Fair

Горната маица ја искомбинирала со црно кадифено миди здолниште со чипкани детали од њујоршката дизајнерка Ула Џонсон, чија романтична, рачно изработена облека е во плакарите на богатите боемци од Бруклин – токму оние кои масовно гласаа за Мамдани.

Обетките се дизајнирани од друг независен дизајнер од Њујорк, Еди Борго, познат по своите скулпторски и елегантни парчиња. Нејзиниот изглед имаше подлабоко значење, но не беше премногу различен од она што го носи секој ден. Се чини дека Дуваџи го искористила овој момент за да ги истакне луѓето и заедниците што ги сака и поддржува преку модата.

Изгледот на Рама Дуваџа на прославата на победата беше целосно нејзин стил. Дуваџи несомнено ќе биде под лупа поради нејзиниот изглед, мода и политика, но судејќи според нејзината победничка вечер, таа е подготвена за предизвикот. И тоа го прави со неверојатна леснотија.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Сопругата на новиот градоначалник на Њујорк е кул жена со одличен стил

Објавено пред

Од

Рама Дуваџи, сопругата на новиот градоначалник на Њујорк, Зохраб Мамдани, преку ноќ стана миленичка на генерацијата Z. Ја споредуваат со принцезата Дајана, се восхитуваат колку е кул, го копираат нејзиниот моден стил…

dobivaj vesti na viber

Дуваџи е аниматорка и илустраторка чиј стил е сличен на многу млади уметници од Менхетен или Бруклин: таа комбинира каубојски чизми до колена со шорцеви или преголеми бели кошули со големи сребрени обетки и еден куп ѓердани.

Таа носеше црна блуза без ракави од палестинскиот дизајнер Зеид Хиџази за да ја прослави победата на својот сопруг. Горниот дел го искомбинира со црно кадифено миди здолниште со чипкани детали од њујоршката дизајнерка Ула Џонсон, чии романтични, рачно изработени парчиња се во плакарите на богатите боемци од Бруклин – токму луѓето што гласаа за Мамдани во голем број.

@vanityfair New York City Mayor-Elect #ZohranMamdani was joined by his wife #RamaDuwaji ♬ original sound – Vanity Fair

Нејзините обетки беа од друг независен њујоршки дизајнер, Еди Борго, познат по своите скулпторски и елегантни парчиња. Нејзиниот изглед имаше подлабоко значење, но не беше премногу различен од она што го носи секој ден. Се чини дека Дуваџи го искористи овој момент за да ја искористи модата за да ги истакне луѓето и заедниците што ги сака и поддржува.

Изгледот на Рама Дуваџи за прославата на победата беше целосно нејзин стил, но кажуваше нешто важно за тоа како би можел да изгледа еден нов Њујорк – и како тој веќе инспирира надеж низ цела Америка. Дуваџи несомнено ќе биде под лупа поради нејзиниот изглед, мода и политика, но судејќи според нејзината победничка вечер, таа е подготвена за предизвикот. И тоа го прави со неверојатна леснотија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Албанија усвои закон за родова рамноправност по бурна расправа

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77...

Свет1 час

Сенатот ја изблокира резолуцијата што ќе го спречеше Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат ја блокираа резолуцијата што ќе му забранеше на претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без...

Македонија15 часа

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека...

Македонија15 часа

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција

Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска...

Македонија17 часа

Јаневска ќе ја почитува одлуката на Мицкоски доколку реши да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, дали доколку има реконструкција на владата таа ќе остане...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски ќе ја реконструира партијата, па потоа Владата: Фокусирани сме на партискиот конгрес на 6 декември

Реконструкција на Владата нема да има пред партискиот конгрес на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој е закажан за 6 декември. Премиерот...

Топ19 часа

Бомба најдена во автомобил во гаража во Скопје, сопственикот на возилото добил заканувачка порака, МВР влегло во објектот

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, непознато лице влегло во гаража од семејна куќа во скопската населба Бит-пазар, во сопственост...

Македонија19 часа

„Скопје го менуваме од корен“: Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Градот

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува акцијата за чистење на...

Македонија19 часа

(Видео) Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, железничкиот Коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан...

Македонија20 часа

(Видео) ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори 2025 година за...

Македонија22 часа

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Регион22 часа

Црна Гора сè поблиску до Европската Унија: познат е можниот датум за влез

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската...

Македонија23 часа

Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно...

Европа24 часа

(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки

Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски...

Свет1 ден

Израелски заложник за држењето во Газа: Бев гол, само му се молите на Бога да престане

Ром Браславски, неодамна ослободен израелски заложник, тврди дека бил подложен на „ужасна“ и понижувачка сексуална злоупотреба додека бил во заробеништво...

Европа1 ден

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет1 ден

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет1 ден

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа1 ден

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет1 ден

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...