Црна хроника
Еден застрелан и еден со скршен череп во тепачка во Света Петка

Едно лице е рането со огнено оружје, а друго се здобило со тешка телесна повреда, во масовната тепчка во петокто вечерта во скопското село Света Петка, информираа во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Како што се наведува во билтенот на МВР, во петокот по 19,10 часот во селтоо Света Петка, во скопско, дошло до нарушување на јавниот ред и мир, меѓу од една страна А.С.(41) и З.С.(29) и од друга страна А.Џ.(26) и Е.Џ.(19).
Во тепачката, освен тврди предмети, било употребено и огнено оружје. Имено З.С. се здобил со прострелна повреда на десна подколеница, а со телесни повреди се здобил и А.С., по што и двајцата биле пренесени во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“
Во Ургентниот центар Скопје, пак, бил донесен А.Џ. кој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата, односно скршеница на череп, по што бил задржан на лекување.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.