Македонија
МВР со задача целосно да го обезбеди Специјалното обвинителство
Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи целосно да обезбеди објектот во кој се наоѓа Специјалното обвинителство, информира во недела премиерот Никола Груевски.
„На денешната седница Владата донесе заклучок и го задолжи МВР да овозможи 24-часовно обезбедување на објектот каде што се наоѓа специјалниот јавен обвинител. Да го покрие целосно со обезбедување. Министерот потенцираше дека досега се што побарала обвинителката во однос на обезбедувањето и било овозможено. Му кажавме доколку нешто повеќе побара во однос на обезбедувањето на објектот да и биде овозможено“, изјави Груевски.
Службата за општи и заеднички работи, како што информираше премиерот Груевски, целосно ќе се стави на располагање на Јавното обвинителство.
„Покрај ова, ја задолживме Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), која ги снабдува сите државни институции со сметководители, кафекувари, хигиеничари, возачи итн., целосно да се стави на располагање на специјалната јавна обвинителка. Се што им е потребно, бидејќи беше спомнато во јавноста, СОЗР како и за сите други институции да обезбеди и за нив“, рече Груевски, кој во недела изврши увид во работите за изградба на новиот студентски дом „Медицинар“.
Претходните денови, од СДСМ изјавуваа дека не ги доставуваат материјалите во Специјалното јавно обвинителство, затоа што таму немало соодветни услови за чување на материјалите, кои биле од доверлива природа, иако со тоа го пробиваа законски одредениот рок, кој истече на 20 ноември.
„Материјалите од незаконското следење на комуникациите се од исклучително сензитивна и доверлива природа и заради обезбедување нивна максимална заштита, нема да пристапиме кон нивно предавање, `се до моментот додека не се обезбедат услови сите материјали да бидат соодветно и максимално обезбедени.Соодветна заштита на материјалите подразбира и соодветно 24-часовно обезбедување, коешто ние не знаеме дали е обезбедено, бидејки сеуште не е донесен Законот за јавнообвинителска служба“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, пред три дена на прес-конференција./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

