Забава
Ветеран на NASA тврди: вонземјаните ја спасија Земјата од нуклеарна војна
Поранешниот астронаут Едгар Мичел ветеран на американската агенција за вселенски истражувања NASA од мисијата „Apollo 14“ во 1971 година во неодамнешното сведочење за Mirror Online тврди дека нуклеарната апокалипса на Земјата ја спречиле вонземјанските сили.
Повикувајќи се на сведочења од високо рангирани офицери на министерството за одбрана на САД, сега 84-годишниот ветеран во астронаутиката Едгар Мичел, вели дека неколку Неидентификувани летачки објекти (НЛО – UFO) биле забележани на небото над полигонот White Sands уште пред првото во историјата тестирање на атомската бомба во јули 1945 година. Оттогаш, претставниците на вонземската интелигенција континуирано ги следеле активностите на споменатиот американски полигон, особено во периодот на идеолошката конфронтација меѓу САД и поранешниот Советски сојуз, кој исто така, често разместувал и тестирал нуклеарни боеви глави.
Според Мичел, вонземјаните со тоа ги предупредиле и ги одвратиле челниците на тогашните суперсили кои ја водеа ткн Студена војна од преземање воени активности со употреба на оружје за масовно уништување. Како доказ за своите тврдења, некогашниот астронаут го посочува случајот со дефектот на системот за нуклеарно оружје.
„Разговарав со многу офицери на военото воздухопловство, кои служеле во ракетните бази во најзатегнатиот период во XX век. Тие зборуваа дека НЛО-а често се појавувале над нивните глави, и во тие моменти лансирните рампи се затворале без никаква причина. Уште неколку вработени од базите на Пацифичкиот брег тврдеа дека една од ракетите била соборена од туѓинско вселенско летало“, го цитира весникот ветеранот на NASA.
Весникот истакнува дека Мичел, кој имал високо образование и највисоки квалификации за воздухопловниот-космички инженеринг и во астронаутиката, започнал активно да се интересира за цивилизациите надвор на Сончевиот систем, откако во 1971 година слетал на Месечината, како член на мисијата „Apollo 14“.
Поранешниот припадник на американскиот оддел за проучување на појавите на НЛО Ник Поуп во коментарот за таблоидот за Мичел вели дека е еден од „вистонољубивите луѓе, кои некогаш ги сретнал“, но е скептичен во врска со неговите изјави. Според него, кажувањата на поранешниот астронаут не се темелат на личното искуство, туку на информации добиени од други лица, а оти не е познато дали тој имал достап до строго доверливите информации./крај/мф/сн
Извор: The Mirror Online
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

