Македонија
Чавков бара од грчките власт да се намали бројката на мигранти
Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, бара од грчките власти да се ангажираат за да се намали бројот на мигранти кои ги препраќаат кон Македонија и итно и неодложно активно учество на сите европски институции, пред се на Фронтекс и Европол во делот на брзо и неодложно ставање во функција на т.н. Hot Spots во Грција и Италија.
Чавков кој имаше свое обраќање на тема „Предизвиците кои се наметнуваат со притисокот од зголемената миграција долж западно балканската рута – заеднички мерки и подобрување на соработката“ на Салзбург Форумот што се одржува во Софија, нагласи дека службениците на Министерството за внатрешни работи се на терен и настојуваат да идентификуваат и регистрираат што поголем број мигранти, при што се преземаат засилени мерки против трговија со луѓе и криумчарење на мигранти.„Земајќи ја во предвид новонастанатата состојба со редуцирање на бројот на мигранти кои транзитираат на западно -балканската рута и кои не треба да бидат повеќе од 3000 дневно, како и тоа дека во Република Македонија секој ден доаѓаат од јужниот сосед помеѓу 7000 – 9000 мигранти, Чавков истакна дека менаџирањето на оваа состојба ќе биде многу тешко без вистинско ангажирање на грчките власти“, рече Чавков.Тој потенцираше дека соработката со сите земји од регионот е клучна и дека Македонија е подготвена за соработка во секој момент со сите земји од регионот како и со европските и меѓународните институции и агенции. Истовремено, тој посочи дека дел од заклучоците на лидерите од регионот на минатомесечениот состанокот во Брисел веќе се спроведуваат. Номинирани се контакт точки за размена на информации и координација меѓу земјите долж западно-балканската рута, обезбедени се привремени засолништа за бегалците и мигрантите со формирање на привремени прифатни центри .Инаку во четвртата сесија на Салцбург форумот се разговараше и за ЕУ перспективите на земјите од Западен Балкан, при што беше потенцирано дека Република Македонија недвосмислено останува на патот кон целосна интеграција во Европската Унија.Во продолжение на Салцбуршкиот форум се одржа и 14-тиот Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа, со кој моментално претседава Република Македонија. Исто така, на маргините на овој настан беше организирана и билатерална средба со заменик Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Мијо Крешиќ, при што беа разменети информации и искуства во делот на справувањето со миграцијата, можните ризици и проблеми кои ги носи миграцијата, справувањето со тероризмот и слично./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

