Забава
Кина отвори воени кампови за рехабилитација на деца зависни од интернет
Кина отвори воени кампови во неколку делови на земјата во кои родителите ги испраќаат своите деца со цел да се изборат против нивната зависност од интернет.
Сé поголем број млади лица во Кина стекнуваат зависност од интернет, а нивните родители во борбата против оваа зависност својата доверба му ја даваат на методите кои се користат во камповите во кои се спроведува воен режим за младите, пишува Daily mail.
Во Кина отворени се околу 250 вакви кампови во кои се вдомуваат голем број тинејџери кои се под контрола на поранешни војници. Децата облекуваат црна униформа и вежбаат во заклучени простории.
Се верува дека децата сé повеќе се вртат кон светот на онлајн игрите со цел да го избегнат притисокот на реалното живеење. Повеќе од 17 отсто од лицата кои престојуваат во овие кампови на возраст од 13 до 17 години се вистински зависници од интернет.
„Моите родители сакаа да учам дома по цел ден и не смеев да излегувам надвор“, рекол еден тинејџер кои пред новинарите се претставил како Ванг. Тој додал дека неговата реакција на постојаниот притисок за учење од страна на родителите била целодневно седење на интернет и играње онлајн игри. Во една прилика, како што истакнува, играл игри непрекинато цели три дена без престан. Во тоа време, како што тврди, спиел помалки од еден час.
Тао Ран, психолог кој го основал „едукативниот центар“ за зависници од интернет, рекол дека тинејџерите како Венг може да ја загубат својата самодоверба и да станат ранливи и депресивни доколку не ги остварат целите кои пред нив ги поставиле нивните родители.
Од 110 тинејџери зависници, сместени во еден центар во Пекинг, 70 отсто од нив се лечат поради зависност од интернет.
Методите кои се спроведуваат со цел да се излечат тинејџерите често се агресивни, слични на воените, што мноу се разликува од методите на голем број клиники кои се борат против ваков вид на зависност. Покрај тоа, децата во камповите мора да чистат и перат, а исто така вклучени се и во подготовка на оброците.
„Едукацијата и животот во воени услови прави од нив да бидат дисциплинирани и им ја враќа способноста нормално да живеат“, истакнува психологот.
Сепак, не секогаш ваквите методи го даваат саканиот резултат. Мајката на еден од тинејџер покренала тужба против кампот бидејќи по престојувањето на нејзиниот син неговата состојба се влошила./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Една од најубавите жени објави интимни моменти: никогаш претходно не го направила ова
Познатата манекенка Жизел Бундхен има многу причини за славење. Прво, таа ја пронајде повторно љубовта со Хоаким Валенте, со кого подоцна доби син, а потоа се венчаа на интимна церемонија опкружена со семејство и пријатели.
Иако манекенката ретко споделува фотографии од својот приватен живот, овој пат направи исклучок и конечно го покажа својот син по една година.
„Не можам да верувам дека веќе помина една година откако си во нашите животи. Фала му на Бога за сè“, напиша Жизел.
Манекенката објави серија фотографии на кои се гледа како момчето си игра со неа, како и со нејзините деца од првиот брак со Том Брејди.
Жизел никогаш порано не споделувала објави за своите деца толку јавно, па дури и името на нејзиниот најмлад син е непознато за јавноста. Заедничка објава во која таа и Хоаким го држат момчето во раце додека сонцето заоѓа, исто така привлече големо внимание.
Жизел го заврши бракот со Том Брејди пред нешто повеќе од три години, а кратко потоа започна врска со Валенте.
Забава
(Видео) Нема да најдете подобар тренинг: 5 минути на ден, без тегови, опрема или одење во теретана
Иако многу луѓе мислат дека долгите, исцрпувачки тренинзи се неопходни за да се видат видливи резултати, вистината е дека дури и кратките, целни рутини можат да направат голема разлика. Кога вежбите се избираат правилно и се изведуваат доследно, можно е да се обликуваат цврсти, елегантни раце од удобноста на вашиот дом. И без тегови, машини или членство во теретана.
Најдовме еден таков краток тренинг од популарната фитнес инфлуенсерка MadFit. Во едно од нејзините видеа, кое има 14 милиони прегледи и ги таргетира рацете за само пет минути, задачата е да се издржи целиот тренинг без да се спуштат рацете.
Иако на прв поглед звучи едноставно, оваа серија вежби го активира целиот горен дел од телото, особено рамената, трицепсот и горниот дел од грбот, и обезбедува чувство на интензивна мускулна работа по првата минута.
Фитнес предизвик: петминутен тренинг за раце
Тренингот се состои од статички и динамични движења кои се менуваат во кратки интервали, без пауза, што дополнително ја подобрува неговата ефикасност. Движења како што се мали кругови со рацете, кревање и спуштање на исправени раце, како и пулсирачки движења во различни насоки, се дизајнирани да активираат што е можно повеќе мускулни групи без да ги оптоваруваат зглобовите. И тие се исто така многу ефикасни!
Покрај тоа што ја поттикнуваат издржливоста и тонирањето на мускулите, овие вежби го подобруваат и држењето на телото, што придонесува за чувство на сила и самодоверба на долг рок.
Тренингот не бара никаква опрема, а со редовно изведување може да стане ефикасна навика во вашата дневна рутина.
Забава
(Фото) Марго Роби во незамисливи потпетици: „Би сакала да видам како оди во нив“
Познатата актерка Марго Роби моментално го промовира својот нов филм „Wuthering Heights“, па затоа е многу поприсутна во медиумите и затоа, нејзините модни изданија доаѓаат во центарот на вниманието, иако таа е неоспорна кога станува збор за лежерноста.
Уште од првите кадри од филмот „Барби“, во кој Марго ја играше главната улога, беше јасно дека таа целосно припаѓа на тоа. Физичката сличност со познатата кукла е неверојатна, а актерката го докажа тоа уште еднаш.
Како мали девојчиња, сите замислувавме дека еден ден ќе носиме високи потпетици, исти како и нашите кукли, и веројатно немавме поим колку ќе биде непријатно. Сепак, Марго Роби се откажува од удобноста заради модата и убавината, па нејзиниот избор на чевли моментално е главна тема на социјалните мрежи.
Актерката позираше во краток црн фустан од Роберто Кавали со малку пошироки ракави и впечатлив чокер, а сето тоа го надополни со црни вртоглаво високи чевли. Според „People“, станува збор за модел на чевли од Кристијан Лубутен кои се високи и до 12 сантиметри, а нивната цена е 945 долари.
Кога ќе го видите аголот под кој е стапалото на убавата актерка, ќе разберете зошто луѓето оставиле толку многу коментари.
„Нозете ме болат само гледајќи ja“, „Се молам за нејзините стапала во тие потпетици“, „Најболните потпетици на светот“, „Ова е неподносливо“, „Каде можам да ја видам како оди во овие потпетици“, „Ова е премногу болно“, беа само некои од коментарите.

