Македонија
Денеска облачно, попладне повремени врнежи, од среда нов влажен бран

Времето во понеделник ќе биде умерено до значително облачно, попладне со повремен дожд, особено во северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер.
Утринските температури се движат од -2 Целзиусови степени во источните и западните планински региони, до 5 степени на југот од земјата. Максималните дневни, пак, ќе досигнат од 11 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје, утринската температура е околу 3 степена, додека највисоката дневна треба да достигне 18 степени.
До вторник ќе се задржи променливо облачно и топло време со слаб локален дожд. Во среда, пак, се очекува нов влажен бран, кој попладнето и во текот на ноќта, како и во четврток, на повеќе места ќе предизвика пообилни врнежи од дожд. Локално во среда врнежите ќе бидат и поројни проследени со грмежи.
Во вторник и среда ќе дува засилен јужен ветер, а во четрврток умерен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневните температури./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Скопјанец обвинет за демнење: ја следел неговата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа.
Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел околу зградата каде живеела оштетената и ја следел до работното место. Во телефонските повици и пораките се заканувал и ја навредувал, психички ја вознемирувал и ја застрашувал, предизвикувајќи кај оштетената чувство на несигурност, загрозување и страв за личната безбедност.
Македонија
Стефковски приреди велигденска трпеза: Да се почитуваме како народ за да опстоиме како држава

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вчеравечер приреди велигденска трпеза по повод Воскресението христово – Велигден.
Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Стефковски говореше за ликот и делото на Исус Христос и за тоа дека ниту една друга личност, како личноста на Исус Христос и ниту еден друг настан како настанот со воскресението не предизвикале таков интерес и не направиле таков пресврт во историјата на светот и човекот.
„И доаѓањето на Исус Христос неговото живеење и неговото заминување биле пропратени со необични појави и случувања. Кога се родил во Витлеем се појавила необична ѕвезда на небото, а додека живеел од него излегувала сила која ги лекувала. Болни исцелувал, грешни поправал, гревови простувал и никој ниту пред него, ниту по него не живеел со таква сила“, наведе Стефковски.
Дополнително тој се осврна и соживотот кој го имаат граѓаните од различни етнички заедници во општината.
„Од оваа година започнавме една нова традиција. За Бајрам се собравме на Ифрат со граѓаните од Исламска вероисповест, а денес на третиот ден од Велигден сме собрани тука на Велигденска трпеза. Само со взаемно почитување на религијата и традицијата ќе ја покажеме нашата големина пред се како индивидуи, а потоа и како народ“, истакна градоначалникот Стефковски.
На крајот од своето обраќање Стефковски им упати порака на граѓаните и порача: Мојата порака до сите наши граѓани, без разлика на етничката, верската или било каква друга припадност е да се почитуваме помеѓу себе, да си помагаме секогаш кога тоа е потребно. Во тагата да тагуваме, а во радоста да се радуваме – заклучи Стефковски.
На велигденската трпеза присуствуваа свештеници од МПЦ, пратеници во Собранието на Република Македонија, советници и голем број на граѓани.
Македонија
ВЛЕН: Определбата на Ахмети е да предизвика политичка криза и предвремени избори

Не случајно народот вели “Парите дупчат каде ниту бургијата не може!”. Со недели слушаме како ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери. Сепак, вистината е многу сурова. Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија, велат од ВЛЕН.
„За него не е важно што негови луѓе набавувале токсичен мазут во износ од 160 милиони евра и труеле цела нација. Преку послушникот на кичевскиот клан, Ислам Абази, прави се’ што може да го спаси од притвор лицето А.Ј. со кауција од 2 милиони евра. Клучното прашање е зошто, на пример Дрин Ахмети не депонира кауција за поранешните министри на неговиот вујко? Или, нивните маки и маките на нивните семејства се неважни за Ахмети?“, прашуваат од коалицијата.
Од таму прерупредуваат дека определбата на Ахмети е, како што велат, да предизвика политичка криза која би резултирала со предвремени парламентарни заедно со локалните избори.
„Нему очајно му треба “Пржинска Влада” во која преку МВР со кое би раководела опозицијата, би се направило се’ за да се уништат доказите против поранешните корумпирани кадри на ДУИ. Затоа, не сакаат само локални избори, бидејќи влегуваат во сигурен катастрофален пораз“, велат од ВЛЕН.