Македонија
Обвинет од „Дива населба“ се пожали дека го малтретирале при транспортот
Еден од обвинетите во случајот „Дива населба“ се пожали пред Судот дека полицајците го малтретирале при транспортот од затвор до Судот.
„Ме малтретираа кога ме носеа од затворот. Ме газеа на нозете, ме удираа, шест пати ми ги кренаа рацете. Истото го правеа и припадниците на специјалната единица“, рече обвинетиот.Судијката која го води случајот, Верка Петковска, ја нотираше забелешката на обвинетиот и рече дека ќе се јави кај директорот на затворот и ќе интервенира. Судот донесе решение да не се сослушуваат повторно истите сведоци и судењето продолжи со читање на исказите на сведоците кои се појавија пред судот. Судењето за овој случја почна од почеток откако Судот ги спои обвинителните акти од случајот „Дива населба“, за судирот во Куманово и обвинителниот акт за случајот „Молња“, односно за логистиката на кумановската група, лица кои беа уапсени подоцна.И на минатото рочиште кога обвинетите се изјаснуваа за вина, пред јавноста тврдеа дека трагедијата во Куманово била „проектирана за пари“. Оваа теза обвинетите ја повторуваа на сите рочишта, тврдејќи дека во случајот се вмешани високи функционери од Управата за безбедност и контраразузнавање.Во судирот меѓу вооружената група во Куманово и македонската полиција во мај минатата година, загинаа десет припадници на групата и осуммина полицајци./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

