Македонија
Обвинение за предметот „Јагула“ во кој е осомничен поранешниот охридски градоначалник
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по предметот во јавноста познат како „Јагула“, до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе обвинителен акт против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, за едно продолжено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело примање поткуп и против Г.С. како помагач за едно продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.
Во ноември 2014 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица, меѓу кои за пет државни службеници вработени во Општина Охрид и пет управители на трговски друштва. Осомничените се товареа дека во периодот од 2006 – 2013 година при вршење на јавни набавки за потребите на Општина Охрид, сториле кривично дело, злоупотреба на службена положба и овластување и други кривични дела, со што за други правни лица прибавиле имотна корист од околу 112 милиони денари, а на штета на општината.Во текот на минатиот месец, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со обвинетите Б.К., С.К, З.Ш., Е.С. и Ј.Л. склучи Предлог – спогодби. Обвинетите како помагачи врз основа на Предлог – спогодба се правосилно осудени со пресуди за едно продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. За останатите девет лица донесена е наредба за запирање на постапката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

