Забава
Кинезите влегоа во годината на змијата
Милиони луѓе го прославија доаѓањето на Кинеската нова година, најважниот празник во поголемиот дел од Азија.
Кинезите новата лунарна година, годината на змијата, ја дочека на полноќ во недела по локално време. Во Кина околу 200 милиони луѓе со семејствата отпатувале по овој повод, што според статистичарите се смета за најголема краткотрајна масовна човечка миграција на Земјата.
Како што јавуваат агенциите, големите кинески градови се сосема испразнети од работниците мигранти, кои отпатувале во своите домови во провинциите првпат од почетокот ан мината лунарна година. Последните денови, на автобуските и железничките станици, како и аеродромите владееле метежи, а некои до своите домови во внатрешноста патувале со денови.
Се проценува дека околу 700 милиони луѓе ја гледале специјалната програма на кинеската државна телевизија, шаренолико шоу во кое настапи и славната канадска пејачка Селин Дион.
Дочекот на Кинеската нова година минал со традиционални многубројни и раскошни огномети, иако годинава властите во престолнината Пекинг ги замолија жителите да го намалат бројот на огнометите поради големото загадување на воздухот во градот. Според традиционалното кинеско верување, петардите и огнометите ги бркаат злите духови.
Инаку змијата има меѓана репутација во огромната Кина. Таа симболизира мудрост, убавина и интелигенција, но исто така и лутина и горделивост.
Годината на змијата е раскошно дочекана и во другите земји од југоисточна Азија, како што се Виетнам и Јужна Кореја./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин
Забава
Македонскиот продуцент Матеј Џајковски е номиниран за „Греми“
Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) е номиниран за најпрестижната музичка награда „Греми“.
Албумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум.
Албумот „Access All Areas“ е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1ви февруари следната година во Crypto.com арената во Лос Анџелес. По издавањето на албумот, тој се најде на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
Песната „On & On”, која ја продуцираше нашиот Матеј Џајковски по неколку месеци од излегувањето на албумот, претставува апсолутен фаворит на фановите на групата, а песната се рангираше високо во музичкото списание Billboard и оттогаш е константно присутна на радио станиците во САД.
Ова е прва номинација за Матеј Џајковски кој веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес. За неговите успеси веќе слушнавме кога негова музика се најде на soundtrack-от на серијата Inventing Anna, која беше една од најгледаните серии на Нетфликс.

