Македонија
Достапни се бесплатните проекти за типски куќи
Бесплатните планови и изгледот на типските куќи што ги најави премиерот Никола Груевски на почетокот на ноември, од четврток се достапни за граѓаните.
Се работи за шест проекти на куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180 квадратни метри, а заинтересираните граѓани ќе можат да ги симнат веб-страницата на Министерството за транспорт и врски.
Граѓаните немаат обврска да нарачуваат ревизија на проектот, бидејќи министерствто веќе извршило ревизија на проектите која утврдила дека се направени според сите стандарди, појасни на прес-конференцијата министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
„Со овие планови граѓаните заштедуваат од 900 до 2.000 евра кои би ги дале на проектантите. Со самото тоа што ќе се подигаат готови проекти за градење куќи, побрзо ќе се издаваат и дозволи за градба, бидејќи проектите ќе бидат веќе познати. За добивање готов проект нема посебни услови кои треба да бидат исполнети за да се добие проектот. Таков проект може да добие секој кој е заинтересиран за градба во било кој дел на Македонија“, рече Мисајловски.
Министерот смета дека со реализирањето на проектот „Субвенционирање на проекти за изградба на типски куќи”, владата не им конкурира на проектантските куќи, бидејќи очекува преоктите да ги користат оние граѓани кои немаат доволно пари, а сакаат да градат куќа.
Секој граѓанин кој ќе избере еден од проектите може да направи корекции на проектот. Мисајловски најави дека проектот и продолжи и ќе се прошири, бидејќи голема е заинтересираноста на граѓаните за него./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

