Забава
Саудиски принц потрошил 15 милиони евра на патување во Дизниленд

Млад саудиски принц си дозволил кусо, но незаборавно патување во Еуродизни, кое заврши денеска, а за само 72 часа во тематскиот парк во близина на Париз, тој потрошил 15 милиони евра.
Саудискиот принц потроши 15 милиони евра за три дена забава во Дизниленд во близина на Париз за да ја прослави својата диплома, соопштија од групацијата што го води паркот во понеделник.
Принцот Фад ал-Сауд, ги резервирал сите оддели во паркот од 22 до 24 мај за неговите 60 гости. Забавата вклучувала и посебни програми и настани исполнети со ретки Дизни ликови, рекле од Еуро Дизни за AFP.
Специјално обезбедување имало за принцот, еден од најдобрите потрошувачи во паркот.
Тематскиот парк лани го посетија 16 милиони посетители, но толкав профит не направиле во последните 20 години.
Во последните шест месеци до март, групацијата имала нето загуба од 89,1 милион евра, споредено со 11,8 милиони во истиот период лани.
Принцот Фад е последниот саудиски принц кој се расфрла со пари во Париз.
Саудиската принцеза Маха ал-Саудаири, направи сметка од шест милиони евра во главниот град на франција.
Ал-Саудаири, поранешна сопруга на починатиот саудиски крунски принц Најеф бин Абдула Азиз Ал Сауд, престојувала во хотелот Le Shangri-La во Париз во декември 2011 година, со нејзините 60 помошници.
Таа си заминала во јуни 2012 година, а за тоа време успеала да потроши 6 милиони евра за скапи јадења, накит, и за луксузен превоз со лимузина./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.