Забава
Тргна по лоз за најголемата премија во историјата и пропадна в земја
Воопшто среќа немал еден тексашанец кој тргнал да купува лоз за американската лотарија Powerball на која главната добивка изнесува 1,5 милијарди долари, најголема во историјата којашто ќе се извлекува во средата навечер.
Мажот на возраст од 67 години од Форт Ворт тргнал во продавница надевајќи се дека ќе ја освои астрономската премија, но наместо тоа пропаднал во земја, завршувајќи во јама исполнета со вода на едно градилиште, објави локалната полицијата.
Загриженото семејство го пријавило неговото исчезнување кога паднала ноќта и во текот на потрагата еден полицаец забележал отвор во земјата и открил дека мажот по кого трагаат е на дното од јамата длабока два метра.
На мажот му е пружена помош и потоа е извлечен на површината. Неговиот идентитет не е објавен.
„Благодарејќи на брзата реакција мажот, може да се каже, дека навистина ја освои најголемата можна добивка“, објави на Facebook полицијата од Форт Ворт.
Главната добивка на лотаријата Powerball продолжи да расте и на денот на извлекувањето порасна на повеќе од 1,5 милијарди долари, што предизвика незапаметена возбуда ширум САД.
Добитната комбинација од бројки 5+1 никој не ја погоди повеќе од два месеца, од 4-ти ноември, иако извлекувањата се одржуваат двапати во седмицата, во среда и саботата Износот за џекпотот уште кон крајот на минатата седмица го обори светскиот рекорд, искачувајќи се на 950 милиони долари.
Иако можноста за добивка е извонредно ниска, 1 наспроти 292 милиона, веќе со седмици трае опсадата на местата на кои се продаваат лозовите, а неретко во непрегледните редови може да се видат и Канаѓани и Мексиканци, коишто во соседната држава дошле само за да ја уплатат својата лото комбинација.
Според стандардната методологија на американската лотарија, победникот, доколку побара еднократна исплата,ќе добие 930 милиони долари, а полниот износ би го примал доколку се одлучи на рати во следните 29 години.
Последен пад екстремно голема добивка на лотаријата Powerball се падна кон средината на февруари 2014 година и изнесуваше 425 милиони долари, а лозот беше уплатен во Сан Франциско, а добитникот сакаше да остане анонимен.
Во јуни 2013 година 84-годишна жена од малото гратче Зефирхилс на Флорида стана добитник на рекордната премија во историјата на оваа лотарија што ја освои едно лице во износ од 590,5 милиони долари но подигна 370,8 милиони долари.
Најголемиот џекпот на Powerball, инаку, во износ од 656 милиони долари се падна во март 2012 година, но тогаш оваа премија ја поделија три лица од сојузните држави Илиноис, Канзас и Мисури./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

