Забава
Скоро 800.000 евра за ковертот кој Мао му го испратил на таткото на Бо Силаи
Ковертот кој своерачно го напишал Мао Цетунг упатен на двајца кинески воени офицери, од кои едниот бил таткото на неодамна осудениот комунистички челник Бо Силај, е продаден на наддавање во Пекинг за речиси 800 илјади евра.
Ковертот на кој легендарниот кинески водач со кист напишал „За Фу Јушенг и Бо Јибо“ е продаден во неделата за 6,55 милиони јуани, односно 787 илјади евра, објави во понеделникот аукциската куќа China Guardian на својата интернет страница.
Самото писмо коешто било во ковертот не било вклучено во аукцијата, согласно со владините одредби во врска со кореспонденцијата на високите државни и партиски челници.
Бо Јибо бил генерал кој покрај Мао Цетунг се борел против Јапонците и потоа против националистите, а потоа минал неколку години во затвор каде бил измачуван во текот на кинеската ткн Културна револуција во 1970-те. По смртта на Мао и доаѓањето на власт на реформистот Ден Сиапинг, Бо Јибо бил рехабилитиран и стана една од најмоќните личности во Кина во текот на 1980-те и 1990-те.
„Ковертот го испратила народната револуционерна комисија до централната влада. Станува збор за ретко, многу добро сочуван предмет“, пишува China Guardian.
Синот на Бо Јибо, Бо Силај, во септември годинава беше осуден зa корупција на доживотен затвор, 15 години за проневера на пари и седум години затвор за злоупотреба на овластувањата. Нему ќе му биде запленет целиот имот. Поранешниот министер за трговија, 64-годишниот Бо беше највисокиот комунистички функционер во Чангзинг, а обвинението го товареше дека проневерил 25 милиони јуани, околу три милиона евра, во текот на 1990-те, кога управуваше со градот Далиан во североисточна Кина. За злоупотреба на овластувањата Беше обвинет бидејќи го спречил блискиот соработник Ванг Лиџун, началник на полицијата во Чангзинг да ги истражи сомневањата за убиството за коешто била осомничена сопругата на Бо, Гу Каилаи. Таа беше осудена на смртна казна за убиството на британскиот бизнисмен Бил Хејвуд./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија.
Емотивна објава на Инстаграм
„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија во објавата.

Тие беа во лоши односи со години
Српските медиуми објавија дека тој починал во Крагуевац по кратка и тешка болест. Рајко се ожени со Верица Шерифовиќ во 1982 година, со која ја доби ќерката Марија. До неодамна, пејачката и нејзиниот татко беа во лоши односи, а потоа, додека гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Марија рече дека се смириле.
„Неодамна се видовме во Крагуевац и тој ми рече: Без разлика што направив погрешно, погрешно, погрешно, вака или онака… Барем знам дека сè што има врска со тебе, направив правилно“, рече пејачката. „Тоа го кажа во контекст на оставање зад себе личност на која е горд. Беше искрен“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин

