Забава
Шиндлеровата листа повторно на аукција
Документите кои му припаѓале на Оскар Шиндлер се понудени на интернет наддавање, неколку дена откако на eBay не беше продаден еден од неколкуте познати примероци на ткн Шиндлерова листа со имињата на Евреи кои овој германски индустријалец ги спасил од нацистичките логори во Втората светска војна.
Овие документи, меѓу кои се и нацрти за проширување на фабриката во Полска, ќе бидат продадени на наддавање на 14-ти август, објави аукциската куќа RR Auction во Њу Хемпшир. Тие беа понудени на аукција и во 2010 година коа го променија сопственикот за 2,2 милиона долари.
Кон крајот на јули Шиндлеровата листа, којашто опфаќа 14 страници со имиња на 801 Евреин кои индустријалецот ги спасил, не најдоа купувач на eBay каде се продаваа за три милиона американски долари. Документите припаѓаа на приватен колекционер од Калифорнија.
Меѓу документите кои сега се продаваат се и нацртите за проширување на фабриката на Оскар Шиндлер за емајлирани садови во полскиот град Краков, во кој вработувал повеќе од илјада Евреи од блискиот концентрационен логор.
На тие нацрти од 1943 година со логото на германската фабрика Siemens, прикажани се објекти во кои Шиндлер ги населувал своите еврејски работници за да ги спаси од стравотиите во логорот Плазов.
Шиндлер ги спасил животите на повеќе од илјада Евреи во Втората светска војна запишувајќи ги листата на персонал кој работи за германската војска. Починал во 1964 година во анонимност, а посмртно му е доделено признанието титула Праведник меѓу народите.
Неговиот живот е тема на филмскиот хит од 1993 година во режија на Стивен Спилберг.
Инаку оваа копија од списокот на Шиндлер не е првпат дадена на аукција. Во 2011 година, Натан Штерн, внук на сметководителот на Оскар Шиндлер, Ицак Штерн, кој ја направил листата, ја продаде на анонимен купувач, кој ја поседува денес. Според организаторите на аукцијата, за новиот сопственик на списокот, исто така, ќе биде обезбедена писмена гаранција од Натан Штерн, со којашто се потврдува автентичноста на документот..
Шиндлеровата листа е документ на 13 страници, во кој се наведени имињата на 801 маж, со нивните професии и датумите на раѓање. Имало седум различни верзии на листата, од кои се сочувани само четири верзии. Една од нив се чува во американскиот музеј на Холокаустот во Вашингтон, а две се изложени во израелскиот музеј Јад Вашем во Ерусалим и една копија во германската архива во Кобленц.
Оскар Шиндлер во време на Втората светска војна спасил 1.200 Евреи, обезбедувајќи им работни места во неговите фабрики во Полска и во Чешка./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.