Македонија
Јолевски: Јужната граница е безбедна, состојбата постојано се следи

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во четвртокот за време на посетата на граничниот камен 59 кај Гевгелија изјави дека припадниците на АРМ кои ја обезбедуваат нашата јужна граница со Грција се распоредени на најкритичните места долж границата од Моин до Николиќ.
Според Јолевски, војската функционира како што треба и дека границата е добро обележана и заштитена. Состојбата сега е помирна, но дека и понатаму постојано се следи ситуацијата за да може соодветно да се реагира, додаде тој.
Министерот додаде дека продолжувањето на кризната состојба од страна на Парламентот до крајот на оваа година, според груба проценка направена во генералштабот на АРМ ќе чини дополнителни средства, односно за ангажманот на војниците на границата во овој обем до крајот на годината ќе требаат дополнителни осум милиони евра.
Јолевски исто така го потврди своето присуство на состанокот во Виена со колегите од земјите на централна Европа и заподнобалканската рута од кој очекува да се постигне договор со колегите за идните чекори во управувањето со бегалската криза и начинот на помагање./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.