Македонија
Чичаковски: Теренската проверка ќе биде спроведена

Теренската проверка на податоците од избирачкиот список ќе биде извршена согласно усвоените методологии, за кои претходно е добиена согласност од сите четири политички партии, а во петок се очекува и продолжение на јавната седница на Државната изборна комисија (ДИК).
Ова го потврди претседателот на ДИК, по средбата на членовите на Државната изборна комисија со амбасадори и претставници на меѓународната заедница во земјата, која се одржа на барање на странците.Чичаковски по средбата изјави дека ги информирале претставниците на меѓународната заедница за прогресот во подготовката на изборите и за сите активности кои ги презема Комисијата.„Во фокусот им беше до каде сме со вкрстените проверки, со логистичките подготовки за теренските проверки, колку пријави има од граѓани за апликацијата објавена на нашата вебстрана“, рече Чичаковски.За тоа дали ДИК има решение за пријавите на граѓаните за Избирачкиот список, Чичаковски рече дека за кусо време ќе биде изнајдено решение.„Го дискутиравме тоа прашање. Седницата ќе биде продолжена и денеска. Се надевам за краток период ќе најдеме решение како да постапуваме по овие пријави. Граѓанската проверка на Избирачкиот список е од исклучително значење и ние по овие известувања ќе постапиме соодветно. Тие ќе бидат проверени и соодветно адресирани“, рече Чичаковски. Теренската проверка ќе биде извршена согласно усвоените методологии, за кои претходно е добиена согласност од сите четири политички партии.„Таму се наведени сите активности кои ДИК треба да ги преземе. На теренска проверка ќе бидат проверени сите сомнителни случаи кои ќе произлезат од вкрстените проверки“, рече претседателот на ДИК.Според него, ДИК ги презема сите активности за да успее во дадените рокови да ги заврши сите дејствија предвидени согласно новите изборни закони, а се однесуваат на предвремените парламентарни избори.Во однос на тоа какво ќе биде решението за иселениците, Чичаковски рече дека за тоа прашање ДИК сé уште нема дискутирано./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.