Македонија
Благодарница за АРМ за помошта на населението во Шипковица

На министерот за одбрана Зоран Јолевски во вторникот му беше претставена благодарница за помошта која ја пружи Армијата на Република Македонија на населениото во Шипковица за време на поплавите од минатиот август.
Благодарницата за Армијата на Република Македонија ја доделија претставниците на месната заедница на Шипковица кои ја изразија својата најдлабока благодарност за поддршката која ја добија граѓаните на Шипковица.
Министерот за одбрана истакна дека Армијата на Република Македонија секогаш им е во служба на граѓаните на Република Македонија во најтешките моменти.
На почетокот на август 2015-та година по обилни порои на дожд во Шипковица се случи природна катастрофа по која Владата на Република Македонија, Армијата на Република Македонија, Општина Тетово, Центарот за управување со кризи и бројни невладини организации и приватни компании се впуштија во интензивни акции за помош на погоденото население во тетовско.
За време на акциите Армијата секојдневно работеше на терен и ги расчисти насипите на кал и камења, ги расчисти патиштата, изгради неколку мостови, се впушти во барање на неколкуте исчезнати лица и интензивно им помогаше на погодените луѓе во тетовско./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Активни 5 пожари

Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот се евидентирани вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои: 5 се активни, еден е под контрола и еден е изгаснат.
Активни пожари:
Општина Желино – с. Желино према Еребино, планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
Под контрола е огнот кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци каде гори мешана нискостеблеста деградирана шума.
Изгаснат е пожарот во Општина Македонски Брод, село Слатина.
Македонија
(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2. Дното за СДС не е допрено, допрва ќе го допрат во октомври, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека „СДС и Венко Филипче не успеале да мотивираат ниту еден човек со силен минат труд, па мораа да прибегнат да ја кандидираат Каја Шукова, од шинелот на Заев“.
„Шукова која беше државен секретар и министер за животна средина и не направи ништо позитивно, не остави ниту еден белег за државата, туку му слугуваше на Заев и неговите бизнис интереси, не може да биде ништо друго освен кандидат за пораз. Јасно и е и на самата Шукова дека ќе губи во октомври, а дека ќе треба да го преземе епитетот од Димитар Ковачевски за најслаб резултат на СДС во историјата. Само не и е јасно ниту на Шукова, ниту во СДС знаат што да прават, и што да зборуваат до избори, немаат ниту план, програма не се ни мачат да прават, ќе спојат 3-4 од минатите изборни циклуси, едноставно чекаат само да поминат изборите“, вели Манасиевски.
Според него, „Скопје ниту има потреба од егзибиции, ниту ќе ги допушти истите“.
„Во Скопје уште во прв круг победата ќе ја однесе Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Манасиевски.
Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на патиштата – на Табановце и Богородица се чека по 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.