Забава
Најстариот професор во Полска почина на 107 години

Најстариот професор во Полска, Антони Росикон, почина на 107-годишна возраст, пишува во вторникот дневниот весник Gazeta Wyborcza.
Професорската титула овој инженер на железницата ја доби во 2001 година, на 94-годишна возраст лично од полскиот претседател Александар Квашњевски. Своето последно предавање Антони Росикон го одржал во јуни 2013 година на Техничкиот факултет во Катовице.
Целиот работен век тој го посветил на научната работа во сферата на носивост на лежишта и спојувања на мостови во планински услови. Во 2008 година тој бил награден со Орден на преродбата на Полска, највисоката почест којашто се доделува за заслуги кон татковината.
Самиот професор Росикон во едно од последните интервјуа вели дека главната причина за долговечноста лежи во работата. „Работа и уште еднаш работа. Работев сè што можев за да не изгубам ниту еден ден за да возвратам што ми е даруван животот. Секогаш бев задоволен со тоа и сум му благодарен на Бога за тоа што ме дарувал“, рекол во интервјуто за Gazeta Wyborcza по повод неговиот 106-ти роденден
Антони Росикон бил роден во 1906 година во Шлезија. Во 1932 година дипломирал на Политехничкиот универзитет во Варшава. Работел во железницата до своето пензионирање во 1977 година, но до 1982 година ја продолжил наставната професија. Потоа работел во голем број компании од железничката индустрија, продолжувајќи ја својата научна работа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Поминала низ пекол поради својата тежина: „Ме болеше кога еден човек ми кажа дека сум дебела“

Пејачката Селена Гомез со години се бори со својата тежина, а поради својот изглед, редовно беше цел на негативни коментари, па дури и навреди, што ја натера да се чувствува лошо и да ја изгуби самодовербата. Таа отворено зборуваше за својот трнлив пат во јавноста не криејќи дека некои од навредите многу ја повредуваат.
„Се соочив со многу проблеми со тежината во мојот живот и тоа е нешто на кое сум многу чувствителна. Навистина ме повреди некој кој ми рече дека сум дебела. Зошто се појавува таа емоција?“, рече Селена, која редовно оди на терапија за да се бори со своите несигурности.
View this post on Instagram
„Дефинитивно, мора да бидете спремни да работите на тоа, а тоа може да биде незгодно“, рече пејачката, на која ѝ беше дијагностициран лупус во 2014 година по што ѝ беше трансплантиран бубрег и ѝ беше дадена терапија.
Покрај тоа, пред пет години таа објави дека има биполарно растројство, како и дека се бори со депресија и анксиозност. Со јавно и искрено зборување за она низ што поминува таа сака да ја подигне јавната свест и да испрати порака дека овие состојби никогаш не треба да бидат табу-тема во 21 век бидејќи со нив се соочуваат сè повеќе луѓе.
View this post on Instagram
Селена Гомез и нејзиниот свршеник Бени Бланко набргу ќе се венчаат, а се свршија една година откога почнаа да се забавуваат. Тие се познаваат од 2019 година кога работеа заедно на песната I Can’t Get Enough. Пејачката неодамна прослави моминска забава, а претходно изјави дека е сигурна оти сака иднина со Бени.
Забава
Синот на Викторија и Дејвид Бекам го прослави својот 23-ти роденден, мајка му го засени

Синот на Викторија и Дејвид, Ромео Бекам, го прослави својот 23-ти роденден. Забавата се одржа во Лондон во ресторанот „Аки“, кој сè уште не е официјално отворен. Тие уживаа во суши, бургери и пијалаци, а забавата изгледаше како модна ревија.
View this post on Instagram
Викторија се појави, како и обично, во црно од глава до петици. Носеше проѕирно здолниште и елегантно сако. 51-годишната жена покажа и нова фризура – светли бранови со средна должина.
View this post on Instagram
Како и секогаш, Бекамови ги споделија фотографиите на „Инстаграм“. На фотографиите тие држат торта и се забавуваат, а во коментарите следбениците му го честитаа роденденот на Ромео и му дадоа комплименти на семејството.
View this post on Instagram
Најстариот син Бруклин го нема на семејните фотографии, тој не беше на забавата и не му го честита роденденот на својот брат на социјалните мрежи. Кружат шпекулации за затегнати семејни односи и дистанцирање на Бруклин.
Забава
Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија со своето ново момче

Џенифер Анистон пристигна на премиерата на четвртата сезона од нејзината серија „Утринско шоу“ со посебна поддршка – новото момче Џим Кертис.
Парот, чија врска беше потврдена во јули, се појави на настан во Музејот на модерната уметност во Њујорк, што е едно од нивните први заеднички јавни појавувања, пишува „Пипл“.
Додека Анистон позира за фотографите во елегантен црн фустан со колегите Рис Витерспун, Били Крудап и Марк Дуплас, Кертис гордо ја бодреше од страна. Облечен во лежерен црна комбинација беше забележан како се смее додека стоеше покрај црвениот тепих.
фото: принтскрин