Забава
САД имаат авион за „Судниот ден“

Авион посебно дизајниран и опремен за потребите во случај на различни видови опасности, како природни катастрофи, војна, нуклеарни или терористички напади, е развиен во САД, а заради своите особености е наречен „Авион на Судниот ден“.
Станува збор за адаптиран модел на Boeing 747, наречен E-4B NAOC (National Airborne Operations Center). Според изгледот наликува на претседателскиот модел Air Force One, но постои една многу важна разлика – овој авион може да го заштити претседателот или било кој друг, дури и во случај на нуклеарна војна. Наводно, по нападите на 11 септември, претседателот на САД често летал со овој авион.
Покрај нуклеарните напади, Е-4В наводно може да издржи и разни видови на природни катастрофи кои инаку би можеле да бидат погубни, како и терористички напади, а конструиран е така да штеди гориво, па може да помине повеќе време во воздух.
Авионот е опремен со висока технологија, има специјален оклоп што го штити од зрачење, како и 67 антени. Во случај на војна, Е-4В станува „летачки Пентагон“, кој со својата опрема овозможува управување со војската и нуклеарното оружје, како и комуникација со било кого секаде во светот.
Е-4В добира 112 патници, а има три нивоа. Горното ниво е управувачко, додека средното ниво се состои од конференциска сала, сала за проекции, канцеларија на тимот за операции, канцеларија за контрола и просторија за одмор. Централниот дел се состои од соба за состаноци и и канцеларија за контрола на комуникациите, како и од ходник од кој скалила водат кон горното и долното ниво.
Долното ниво е резервирано за безбедносните уреди, дополнителната опрема и посебна опрема за различни видови на опасност.
Моделот наводно го купил Роналд Реган уште при крајот на Студената војна, а Е-4В често се споменува и во многу теории на заговор бидејќи постојат убедувања дека токму во тој авион бил сместен командниот центар за координирање на нападите на 11 септември.
Државата и војската избегнуваат да дадат одговори за овој модел, па сè што се знаеше за него остана на ниво на шпекулации.
Но оваа година, на годишнината од нападите на 11 септември, поранешниот шеф на канцеларијата за односи со јавноста на Џорџ Буш објави фотографии на авионот на Twitter, проселедни со текст: Вака изгледа авионот на Судниот ден. Беше морбидно да се види, посебно тој ден“. /крај/ин/ст
Се вчитува прикажувачот на видео…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Двејн Џонсон објасни зошто ослабел: „Сè уште имам долг пат пред мене“

Двејн Џонсон, попознат како Карпата, неодамна ги загрижи обожавателите со својот забележително послаб изглед, но сега реши да стави крај на шпекулациите и да ја објасни заднината зад неговата трансформација на телото.
Поранешниот борач, сега еден од најплатените актери, се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и на настанот „Миу Миу“ со својата колешка Емили Блант, а неговиот нов изглед предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, пишува LADbible.
@varietymagazine Emily Blunt and Dwayne Johnson, stars of “The Smashing Machine,” attend the #VeniceFilmFestival ♬ original sound – Variety
Обожавателите веднаш почнаа да дискутираат за здравјето на 53-годишниот актер, а некои на шега го нарекоа Каменчето поради неговата потенка фигура. Шпекулациите на крајот стигнаа и до самиот Џонсон, кој ја искористи можноста да ја разјасни ситуацијата и да ги смири оние што беа загрижени за него.
На Филмскиот фестивал во Торонто, Карпата потврди дека нема апсолутно причина за грижа.
Актерот потврди дека губењето на тежината е резултат на подготовката за улогата во филмот Chicken Man додавајќи: „Сè уште имам долг пат пред мене“.
Џонсон не е првиот актер што претрпел екстремна трансформација за улога. Кристијан Бејл, на пример, изгуби речиси 30 килограми за филмот The Machinist. За Карпата, промената означува и пресвртница во кариерата и желба да се оддалечи од улогите во акционите блокбастери.
Забава
Хилари Даф ѝ се враќа на музиката по десет години

По еднодецениска пауза, обожавателите на Хилари Даф, конечно, добија добри вести. Популарната актерка и пејачка го потврди своето враќање на музичката сцена во вторникот, точно една деценија по објавувањето на својот последен албум Breathe In. Breathe Out. во 2015 година.
Официјалното соопштение за медиумите потврди дека 37-годишната ѕвезда потпишала договор со Atlantic Records, а заедно со новата музика во подготовка е и документарна серија што ќе го следи нејзиното враќање.
Проектот, режиран и продуциран од Сем Ренч, „ќе ги следи долгоочекуваното музичко враќање и личното патување на Даф нудејќи нефилтриран поглед во светот на Хилари“, се вели во соопштението.
View this post on Instagram
Серијата ќе ги следи хронолошки нејзините подеми, падови и сè помеѓу, а обожавателите ќе може подетаљно да ја видат додека таа го балансира семејниот живот со снимање нови песни, вежбање за настапи во живо и подготовка за нејзиното прво сценско појавување по повеќе од една деценија. Документарецот ќе вклучува и интервјуа, снимки од настапи и видеа од нејзината лична архива.
Пејачката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на „Инстаграм“. „Нова музика… или нешто слично“, напиша Даф кратко покрај серија фотографии.
Забава
(Фото) Поминала низ пекол поради својата тежина: „Ме болеше кога еден човек ми кажа дека сум дебела“

Пејачката Селена Гомез со години се бори со својата тежина, а поради својот изглед, редовно беше цел на негативни коментари, па дури и навреди, што ја натера да се чувствува лошо и да ја изгуби самодовербата. Таа отворено зборуваше за својот трнлив пат во јавноста не криејќи дека некои од навредите многу ја повредуваат.
„Се соочив со многу проблеми со тежината во мојот живот и тоа е нешто на кое сум многу чувствителна. Навистина ме повреди некој кој ми рече дека сум дебела. Зошто се појавува таа емоција?“, рече Селена, која редовно оди на терапија за да се бори со своите несигурности.
View this post on Instagram
„Дефинитивно, мора да бидете спремни да работите на тоа, а тоа може да биде незгодно“, рече пејачката, на која ѝ беше дијагностициран лупус во 2014 година по што ѝ беше трансплантиран бубрег и ѝ беше дадена терапија.
Покрај тоа, пред пет години таа објави дека има биполарно растројство, како и дека се бори со депресија и анксиозност. Со јавно и искрено зборување за она низ што поминува таа сака да ја подигне јавната свест и да испрати порака дека овие состојби никогаш не треба да бидат табу-тема во 21 век бидејќи со нив се соочуваат сè повеќе луѓе.
View this post on Instagram
Селена Гомез и нејзиниот свршеник Бени Бланко набргу ќе се венчаат, а се свршија една година откога почнаа да се забавуваат. Тие се познаваат од 2019 година кога работеа заедно на песната I Can’t Get Enough. Пејачката неодамна прослави моминска забава, а претходно изјави дека е сигурна оти сака иднина со Бени.