Македонија
Груевски пред Анкетната ќе се појави на 14 декември
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на 14 декември 2015 и ќе се обрати пред пратениците од истата комисија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски, според редоследот кој го објави претседателот на комисијата Петре Шилегов, требаше да сведочи пред комисијата во среда, а по него во четврток требше да биде сослушан Мартин Протуѓер и Зоран Ставрески, на 11 декември Сашо Мијалков, на 14 декември Гордана Јанкулоска и на 15 декември Миле Јанакиески.ВМРО-ДПМНЕ, уште по објавата на редоследот рагираше дека најверојатно премиерот нема да може да сведочи во среда, поради обврски, но претседателот на комисијата Шилегов, рече дека на тој начин Анкетната ќе биде блокирана во следните пет дена.Имено, договорено е штом биде установен редоследот на сведоци, тој и да се запази.На овој начин, предупреди Шилегов, работата се поместува од 14 натаму, а до тогаш Анкетната ќе нема што да работи.Седниците на кои што ќе бидат сослушувани сведоците ќе бидат затворени за јавноста, на барање на членовите на Анкетната од ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека имало доверливи информации за кои ќе се разговарало.Членови на Анкетната комисија треба да посетат и некои институции. Сите овие активности треба да завршат до 22 јануари 2016 година, а извештајот на комисијата треба да биде готов до 31 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

