Македонија
Седницата на Анкетната комисија за прислушување одложена за вторник
Седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, во понеделник, на која требаше да се донесе Деловникот за работа, беше повторно одложена, за вторник во 14 часот.
Како што појасни претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов, разговорите меѓу пратеничките групи во однос на спорните прашања од предлог – деловникот сé уште траат, а остануваат спорни уште само две прашања.Се надева дека до вторник ќе биде постигнат конечен договор, па затоа ја презакажа седницата за утре во 14 часот.Претходно седницата беше одложувана, а беше повикан и олеснувачот во преговорите Питар Ванхауте, но во петокот тој не дојде, затоа што преговорите на координации донеле резултати и членовите на комисијата почнале да се договараат околу разликите.Спорно беше кои членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето не можат да постигнат согласност се дали Комисијата може да почне да работи без присуство на мнозинството членови.Исто така, членовите на комисијата од парламентарното мнозинство стравуваат претседателот Шилегов да не ја злоупотреби положбата и нерегуларно да повика сведоци на седницата, без претходно да ги извести членовите.Парламентарното мнозинство бара да се дефинира колку пати еден сведок или експерт може да се појави, а најспорната точка е зошто претседателот на Комисијата да гласа два пати, поточно доколку за некое решение гласовите се изедначени, претседателот на Комисијата да претегне кон едно решение./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

