Македонија
За 24 часа издадени потврди на 773 мигранти
Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 773 странски државјани, од кои 219 од машки и 224 од женски пол, како и на 328 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без придружба на родител. Според државјанството, потврди се издадени на 611 државјани на Сирија,потоа на 160 државјани на Ирак и на двајца државјани на Авганистан.
Од почетокот на годината па до 21-ви февруари, издадени се потврди на вкупно 85.132 странски државјани, од кои 33.817 се од машки пол, 18.511 се од женски и 32.597 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 207 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-41.269, Авганистан-26.546 и Ирак-17.314.
Годинава до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Во неделата, пак, до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил на 11 државјани од Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши – Форнавре: Односите меѓу Шведска и Северна Македонија се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве.
На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.
Претседателот Гаши ја истакна долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.
Посебно беше изразено задоволство од формирањето на Групата за пријателство со Северна Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка.
Пратеничката Дафина Стојаноска упати благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.
Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области – земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство.
Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Северна Македонија.
Македонија
Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Даме Димитровски е избран за нов претседател на Советот на Град Скопје. Тој кажа дека Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност.
„Денеска, на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, сум избран за претседател на Советот. Благодарност до советниците за довербата и до скопјани за поддршката. Советот ќе функционира во служба на граѓаните, со дијалог, транспарентност и отчетност. Ќе бидеме активен чувар на јавниот интерес и ќе работиме доследно на спроведување на темелните политики: чист град, функционален јавен превоз, безбеден сообраќај, повеќе зеленило и современи јавни услуги“, рече Димитровски.

