Забава
Војводите од Кембриџ го одбрале името Џорџ за да се почитува традицијата
Војводата и војвотката од Кембриџ, односно принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, почитувајќи ја традицијата, на својот новороден прв син меѓу другото му го дадоа и официјалното име Џорџ, што би требало да и` се допадне на кралицата Елизабета Втора, на историчарите и на букмејкерите.
„Војводата и војвотката од Кембриџ со радост објавуваат дека тие го именуваа својот син Џорџ Алесандер Луј. Момченцето ќе биде официјално титулирано како Неговото Кралско Височество Принцот Џорџ од Кембриџ“, се вели во официјалното соопштение на Кенсингтонската палата.
Принцевската двојка го објави името неколку часа откако пристигнаа во Баклбери, на имотот на родителите на Кејт, каде што ќе ги минат следните неколку дена
Инаку, името Џорџ беше водечко во британските обложувалници.
Изборот на името се смета како покажување почит кон актуелната кралица Елизабета Втора. Имено, кралот Џорџ Шести е таткото на кралицата, а Александра нејзиното второ име. Името Александер, исто така, било омилено име на војвотката од Кембирџ, Кејт Мидлтон. Луј, пак, е четвртото име на таткото на новиот принц, принцот Вилијам. Исто така, името Луј е одбрано и во чест на лордот Луј Монтбатен, последниот британски намесник во Индија, убиен во атентат на Ирската ослободителна армија (IRA) во 1979 година.
Доколку стапи на престолот и го задржи името, новороденото момченце, третиот по ред наследник на британскиот трон по дедото Чарлс и таткото Вилијам, ќе биде седмиот крал Џорџ.
Следејќи ги роднинските врски на европските кралски семејства, најмалиот престолонаследник Џорџ во Русија ќе биде кралот Георг Седми, дедо му принцот Чарсл ќе стане Карло Трети, доколку седне на престолот, додека принцот Вилијам – е Вилхелм Петти.
Светиот заштитник на Англија, името Џорџ се смета за симбол на чесност, бестрашност и отменост. Тоа име особено било ценето на почетокот од XX век и постојано е меѓу дваесетте најпопуларни имиња во Велика Британија од 1996 година.
Откако во вторникот накусо за јавноста го претставија својот син, младата двојка ноќта ја мина во лондонската палата Кенсингтон, каде што кралицата Елизабета Втора кусо го посети својот трети правнук.
Тоа е историска средба, прва во 120 години на еден монарх на престол и третиот во редот на наследувањето. Последната таква средна се случила во 1894 година, кога кралицата Викторија го посетила својот правнук идниот крал Едвард Осми./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

